Живот и Стил

Експертите предупредуваат на употребата на Витамин Д

Експертите предупредуваат на употребата на Витамин Д

Медицинската и стручната јавност предупредуваат на неселективна употреба на витаминските суплементи во услови на пандемија на Ковид-19.

За само неколку месеци, научниците се префрлија од предупредување за недостаток на витамин Д кај населението во предупредување за злоупотреба и неселективна употреба на додатоци кои се нудат за подобрување на имунитетот, пишува шпанскиот весник „Pais“.

„Потребите за витамин Д може да варираат од личност до личност, така што не постои единствено ниво на концентрација на 25-хидроксивитамин Д што го дефинира недостатокот и нема консензус за точното ниво на витамин Д што претставува оптимално здравје“, се вели во изјавата од североамериканскиот тим на експерти.

Научниците од американскиот Национален институт за здравје, предупредуваат дека превисоката концентрација на витамин Д во крвта речиси секогаш е резултат од негова преголема консумација преку суплементите и дека можат да предизвикаат бубрежна инсуфициенција и аритмија, а на крајот и смрт.

Преголемата консумација на било која хранлива материја, дури и оние неутралните како вода, можат да имаат штетни последици, порачуваат научниците.

извор:точка.ком.мк