Живот и Стил

Едноставен и брз рецепт за ќофтиња во рерна

Едноставен и брз рецепт за ќофтиња во рерна

Се работи за рецепт поинаков од оној традиционалниот, но ваквиот начин на подготовка не е воопшто помалку вкусен.

Потребни состојки:
– 2 јајца
– 75 мл вода
– 1 кромид
– 110-115 гр лебни трошки
– 100 гр рендан пармезан
– 2 парчиња лук
– 2 лажички сушен зачин
– 1 лажичка сол
– ¼ лажичка бибер
– 900 гр мелено говедско месо

Подготовка:
Загрејте ја рерната на 190 степени. Во поголем сад убаво измешајте ги јајцата, водата, кромидот, лебните трошки, пармезанот, лукот и сувиот зачин. Потоа додадете го месото па повторно промешајте додека не се соединат состојките. Потоа вадете парчиња од смесата и формирајте топчиња со саканата големина.

Наредете ги во сад за печење обложен со хартија за печење и печете ги околу 15 до 18 минути.

извор: kajgana.com