Живот и Стил

Домашно милениче и чиста куќа: Не е лесно, но е можно со овие неколку трикови

Домашно милениче и чиста куќа: Не е лесно, но е можно со овие неколку трикови

Многу луѓе трошат цело богатство за да најдат соодветен производ со кој ќе ги исчистат отпечатоците од своите миленици и ќе ја отстранат миризбата од урина. Но, постојат некои еднставни решенија за овие проблеми. Секој што има домашни миленици е свесен колку е тешко да се одржи просторот чист. Има влакна насекаде, а ако надвор врне, може да има отпечатоци од шепи на подот или на тепихот. Наместо да чекате нешто да се извалка, преземете превентивни чекори и олеснете го чистењето.

Мали теписи
Наместо еден голем тепих, набавете мали теписи што можат да се постават на влезната врата (пред влезот и внатре) и на места каде што миленичињата лежат најчесто, на пример, покрај каучот или под маса. Малите теписи се чистат многу полесно од големите и може да се преместат ако има потреба.

Мебел во темна боја
„Најдоброто нешто што некогаш го направив за мојата кујна беше да ги обојам сите долни фиоки во сјајна црна боја. Темната боја совршено ги крие дамките од влажниот нос и од калта од шепите. Сјајните површини се бришат полесно. Исто така, може да ги бојадисате долниот дел од ѕидовите и од другите делови од куќата. Одржувањето на домот чист со домашни миленици стана многу полесно“, пишува Кети Бингем-Смит на порталот „Architectural Digest“.

Масло за чинии и подлоги
Малку масло ќе спречи појава на тврди дамки од храна. А, гумената подлога под садовите ќе спречи истурање и сушење на парчиња храна на подот.

Нараквици од латекс
Наместо да ги чистите влакната половина час со четка или со некаков гумен отстранувач на влакна, земете обични нараквици од латекс, ставете ги на рацете и истријте ги површините каде што има влакна. Влакната ќе останат на нараквиците, а кога ќе завршите со чистењето, фрлете ги.

Пена за бричење
Наместо да потрошите цело богатство на средства за чистење, земете малку пена за бричење. Протресете ја и нанесете ја на местото каде што има урина од вашето милениче. Оставете ја да стои 1-2 минути на дамката и потоа избришете ја со крпа натопена во топла вода.

Влажни марамчиња за бебиња
Домашните миленици често знаат да извалкаат некои тешко достапни агли од куќата, а тука ќе ви помогнат влажните марамчиња и тап нож или шрафцигер. Завиткајте го марамчето околу врвот на ножот или шрафцигерот и исчистете го тесниот простор.

Декоративни ќебиња
Ставањето топло ќебе на работ на креветот или на вашиот омилен стол ви овозможува вам и на вашите миленици да се опуштите, а освен тоа ќе го продолжи векот на траење на вашиот мебел. Изберете 100% памук или мешавина од акрилик и памук бидејќи и двете ткаенини можат да издржат подолга употреба и се перат во машина.

Средство за чистење
Наполнете шише со прскалка со мешавина од половина вода, половина бел оцет и капка детергент за садови. Ова средство за чистење функционира на сè, од подови и ѕидови до сосема нова софа од антилоп.

извор:кафепауза.мк