Живот и Стил

Домашни третмани со кои ќе ја намалите видливоста на стриите

Домашни третмани со кои ќе ја намалите видливоста на стриите

Стриите на телото настануваат кога кожата брзо ја менува својата форма поради растење или зголемување на телесната тежина. Важно е да знаете дека стриите не се знак дека нешто не е во ред со вашето здравје.

Витамин А
Витаминот А е познати како ретинол, а ретинолот пак ја прави кожата помека. Поради тоа, често се користи во разни козметички креми и продукти.

Оралното земање или директното нанесување на витаминот А врз кожата може да го подобри нејзиното здравје. Исхраната богата со намирници како моркови и сладок компир може да ви помогне да го зголемите внесот на витамин А.
Едно постаро истражување од 1996-та година покажало дека ретинолот ја намалува видливоста на стрии. Иако се потребни уште истражувања за неговото влијание врз стриите, сепак пробајте да го решите проблемот со витамин А.

Шеќер
Некои луѓе го користат шеќерот за методот познат како микродермоабразија. Оваа техника ја изведува дерматолог и е една од малкуте клинички докажани методи што ја намалуваат видливоста на стриите.
Можете и самите да го направите третманот:
– Измешајте една шолја шеќер со ¼ шолја бадемово или кокосово масло. Треба да добиете смеса како влажен песок.
– Додајте сок од лимон.
– Нанесете ја смесата врз проблематичните места.
– Повторувајте неколку пати неделно и масирајте ја кожата со смесата 8 до 10 минути.

Хијалуронска киселина
Колагенот е протеин во кожата што ги задржува нејзината форма и здрав изглед. Но со стареењето, нивото на колаген во кожата се намалува.
Производството на колаген може да се стимулира со хијалуронска киселина, која можете да ја консумирате со капсули или екстракти.

Кокосово масло
Бидејќи стриите се лузни од оштетување на кожата, кокосовото масло може да ви помогне да ја намалите нивната видливост. Според некои истражувања, кокосовото масло го намалува потребното време за зараснување на раните на кожата.
Секој ден нанесувајте кокосово масло на стриите и ќе забележите дека црвенилото ќе се намали.