Живот и Стил

Домашен рецепт за омилениот сладолед од јагоди – потребни ви се само 3 состојки

Домашен рецепт за омилениот сладолед од јагоди – потребни ви се само 3 состојки

Освежувачкиот сладолед од јагоди е уште повкусен кога знаете дека сами сте го направиле.

Состојки:
– 470мл. слатка павлака ;
– 1 конзерва (400гр.) засладено кондензирано млеко;
– 150гр исецкани јагоди.

Подготовка:
Во сад изматете ја слатката павлака додека не добиете кремаста смеса. Додадете го кондензираното млеко и повторно кратко матете за да ја соедините смесата.
Додадете ги исецканите јагоди, па истурете во сад за сладолед. А потоа, се разбира, замрзнете ја смесата.

Пријатен десерт!

извор:точка.ком.мк