Живот и Стил

Дневен хороскоп за вторник, 26 јануари 2021 година

Дневен хороскоп за вторник, 26 јануари 2021 година
фото: канал 5

ОВЕН

Работа: Заинтересирани сте за промена на работата, и се распрашувате кај блиските дали може да ви помогнат.

Љубов: Не сте задоволни од врската. Свесни сте дека односот не може да се подобри, односно врската ги брои последните денови.

Здравје: Чувствителна глава.

БИК

Работа: Ситуацијата е стабилна. Задоволни сте како се одвива и не очекувате проблеми во иднина.

Љубов: Расположени сте повеќе за дружба со пријателите, отколку со другата половина, но партнерот не ви замерува.

Здравје: Стабилно здравје.

БЛИЗНАЦИ

Работа: Задоволен сте од ситуацијата. Работата не само што нормално се одвива, туку делува перспективно.

Љубов: Заинтересирани сте за личност на која не знаете како да и пријдете, затоа што ви делува сериозно и затворено.

Здравје: Добро се чувствувате.

РАК

Работа: Во тек е неповолен период за работа. Обврски има многу малку и се плашите ваквата ситуација да не продолжи.

Љубов: Во фаза сте на вљубување. Имате впечаток дека сте нашле партнер со кој може да го минете целиот живот.

Здравје: Расположението е во пад.

ЛАВ

Работа: Што и да се обидете, не успевате да ја поместите работата од мртва точка. Загрижени сте поради тоа.

Љубов: Воопшто не се трудите да го поправите односот со брачниот партнер. Двајцата сте незаинтересирани.

Здравје: Коските се чувствителни.

ДЕВИЦА

Работа: Пријател знае во каква ситуација сте, и сака да ви помогне. Ве препорачува и дава гаранција за вашата работа.

Љубов: Брачниот партнер трпеливо чека да ги надминете работните проблеми за, конечно, да му се посветите.

Здравје: Хронични болести.

ВАГА

Работа: Работната ситуација е стабилна. Нема некои значајни случувања. Задоволен сте како работата напредува.

Љубов: Врската е во криза. Дошло до оддалечување, пад на интересот. Тешко ви е, но сте свесни дека нема потенцијал да опстане.

Здравје: Стабилно здравје.

ШКОРПИЈА

Работа: Пробувате да најдете работа во странство. Имате впечаток дека тоа е единствено решение во оваа ситуација.

Љубов: Бракот е стабилен. Партнерот е личност која ви дава сила да одите понатаму.

Здравје: Изморени сте.

СТРЕЛЕЦ

Работа: Работата е стабилна. И покрај тоа размислувате за заминување во странство. Ве повикуваат на далечина.

Љубов: Не сте претерано заинтересирани ниту за влез во врска, ниту за врска. Други работи ви се сега важни.

Здравје: Стабилно.

ЈАРЕЦ

Работа: Ако работите приватен бизнис, во огромни проблеми сте кои не успевате да ги решите. Се плашите дека мора да ја затворите фирмата.

Љубов: Официјално поднесувате барање за развод. Брачниот партнер не ја прифаќа идејата.

Здравје: Коските се чувствителни.

ВОДОЛИЈА

Работа: Одличен ден за кратко патување. Состанокот не се одвива лесно, но се борите до крај за постигнување на целите.

Љубов: Брачната криза и натаму е актуелна. Целосно сте незаинтересирани за подобрување на односот, како и брачниот партнер.

Здравје: Притисокот е нестабилен.

РИБИ

Работа: Поради недостаток на работа, добивате слободни денови. Уплашени сте да не е вовед на некој прекин на работниот однос.

Љубов: Сонувате за љубов. Во реалниот свет ниту некој не ви се допаѓа, ниту сте во ситуација да запознаете некоја нова личност.

Здравје: Срцето е чувствително.

извор: нетпрес