Живот и Стил

Дневен хороскоп за понеделник, 21 декември 2020 година

Дневен хороскоп за понеделник, 21 декември 2020 година

ОВЕН

Работа: Детално го смислувате новиот план. Внимавате на секој детал. Сакате сите „коцки“ на планот совршено да се вклопат.

Љубов: Имате симпатија, но не сте сигурни какви емоции има кон вас.

Здравје: Добро се чувствувате.

БИК

Работа: Вредни сте и полни со оптимизам. Разработувате план и ги користите доверливите информации кои ги добивате од пријател.

Љубов: Ве загрижува односот на партнерот. Се сомневате дека се допишува со некоја тајна личност.

Здравје: Стабилно здравје.

БЛИЗНАЦИ

Работа: Со младите колеги не наоѓате заеднички јазик. Вие сте против промената на вашиот начин на работа, додека тие расположени за промени.

Љубов: Се трудите да воспоставите редовна комуникација со симпатијата.

Здравје: Урогениталниот тракт е чувствителен.

РАК

Работа: Не успевате да се сложите во врска со работните планови со надредената личност. Вие сметате дека ризикот е неопходен и дека ќе донесе успех, но другата страна не верува.

Љубов: Многу силно сте се врзале за партнерот.

Здравје: Притисокот осцилира.

ЛАВ

Работа: Ве очеквуаат проблеми врзани за областа судење. Не се одвива во посакуван правец.

Љубов: Брачниот партнер е загрижен поради финансиите и потребно му е да го смирите.

Здравје: Циркулацијата не е најдобра. Заштитете се од ладно.

ДЕВИЦА

Работа: Работниот состанок кој бил пролонгиран, конечно, се одржува. Проблем е што не тече глатко.

Љубов: Ве очекува изненадувачка средба со поранешниот партнер. Разговарате, но разговорот не поминува многу добро.

Здравје: Ве мачи реума.

ВАГА

Работа: Задоволен сте како работата се одвива. Стигнуваат парите кои сте ги очекувале.

Љубов: Размислувате за поранешниот партнер. Имате впечаток дека некои работи останале неразјаснети. Сакате да се видите и да ги разјасните.

Здравје: Чувајте се од инфекции.

ШКОРПИЈА

Работа: Ве очекуваат работни промени. Започнувате работа на нов проект. Се чувствувате добро поради новиот предизвик.

Љубов: Вљубени сте и посветени на партнерот. Сакате да добиете дете со него.

Здравје: Проблеми со забите.

СТРЕЛЕЦ

Работа: Уживате во обврските. Поседувате знаење и скуство, а освен тоа сте енергични и самоуверени.

Љубов: Не сте расчистиле со емотивното минато. За вас најдобро е да го оставите минатото и да се фокусирате кон иднината.

Здравје: Стабилно здравје.

ЈАРЕЦ

Работа: Полни сте со позитивна енергија и уверени во успех. Реализацијата на плановите е олесната, затоа што добивате материјална помош.

Љубов: Зинтересирани сте за личност која е во странство. Сметате дека далечината не е проблем.

Здравје: Добро се чувствувате.

ВОДОЛИЈА

Работа: Вашите планови не наидуваат на разбирање на надредената личност. Смета дека се неупотребливи и ви сугерира да не ги правите.

Љубов: Брачниот партнер е загрижен поради финансиите и сака со вас да разговара.

Здравје: Стомакот е чувствителен.

РИБИ

Работа: Максимално сте сконцентрирани на работните планови и прилично успешни во нивната реализација. Не ве интересира што другите зборуваат за вас.

Љубов: На партнерот му пружате целосна поддршка. Очекувате брзо да ги реши проблемите.

Здравје: Внимавајте на исхраната.

извор: нетпрес