Живот и Стил

Дневен хороскоп за понеделник, 1-ви март 2021

Дневен хороскоп за понеделник, 1-ви март 2021

ОВЕН

Присутна е доза на оптимизам и успех кога се во прашање работи врзани за странство и за закон. Имате тајна симпатија и размислувате за тајна врска. Многу сте пасивни, како и личноста која ви се допаѓа. Дишните органи се чувствителни.

БИК

Имате нагласена интуиција која треба да ја испочитувате. Доколку тоа го направите, ве очекува успех. Имате симпатија на работа. Проблемот е што некој од вас двајца е зафатен, па врската може да биде исклучително тајна. Проблеми со хормоните.

БЛИЗНАЦИ

Многу сте вредни, упорни, амбициозни, и во целост се посветувате на работните обврски. Ве очекува сериозен разговор со партнерот кој сакате да го откажете. Добро се чувствувате.

РАК

Сте направиле одличен план и сега сте во фаза на реализација на истиот. Задоволни сте како работата напредува. Преку работа запознавате личност која остава одличен впечаток на вас. Другата страна ви делува одговорно и стабилно. Добро здравје.

ЛАВ

Ве очекуваат тешкотии на работа поради кои ќе бидете приморани да ги промените плановите во последен момент. Имате тајна комуникација со тајна симпатија. Шестото сетило ви кажува дека другата страна сака да се зближи со вас. Коските се чувствителни.

ДЕВИЦА

Имате доза на несигурност кога се работните обврски во прашање. Мора да смените некои идеи. Планирате да го изненадите брачниот партнер со подарок. Размислувате што најмногу би го израдувал. Проблеми со притисок.

ВАГА

Ги реализирате плановите без тешкотии. Задоволни сте поради стабилните финансии. Имате тајна симпатија на работа. Не сакате отворено да покажете интерес во надеж дека другата страна ќе покаже иницијатива. Солидно здравје.

ШКОРПИЈА

Исклучително сте вредни, упорни и имате јасно поставени цели. Постои екипа која е љубоморна, но не ве интересира нивното мислење. Внимавајте на брачниот партнер. Постои личност од работа која сака да му се приближи тајно. Бубрезите се чувствителни.

СТРЕЛЕЦ

Сосема непотребно брзате да ги сработите обврските во што пократок временски рок, што ве чини да не може да се опуштите. Имате симпатија која е зафатена. Трпеливо чекате да ја заврши врската за да ги покажете емоциите. Грлото е чувствително.

ЈАРЕЦ

Работата не непрадува на начин на кој сте планирале така да поради тоа сте несигурни. Брачниот партнер е наклонет на флерт, но тоа не ве интересира. Не успева да ја предизвика вашата љубомора. Коските се чувствителни.

ВОДОЛИЈА

Прилично сте комуникативни и наклонети кон компромис. Одличен ден за состаноци и постигнување договори. Бракот е стабилен, иако инутицијата ви говоди дека брачниот партнер не е во целост посветен на вас. Стабилно здравје.

РИБИ

Прилично сте креативни и имате јасна визија што сакате да постигнете. Ако сте уметник, инспирацијата е нагласена. Одличен ден за ново познанство. Се однесувате нетипично и отворено флертувате со симпатијата. Солидно здравје.

извор: Нетпрес