Живот и Стил

Дневен хороскоп за 8. ноември 2018 година

Дневен хороскоп за 8. ноември 2018 година

ОВЕН

Работа: Соработниците мислат дека не ги вршите работните обврски целосно, и затоа постои можност тоа отворено да ви го кажат. Дајте се од себе или побарајте помош ако не можете сè да постигнете.

Љубов: Партнерот помалку е нервозен и тоа може на вас да влијае. Пробајте да се фокусирате кон добрите работи во врската.

Здравје: Одлично.

 

БИК

Работа: Денот ви почнува ентузијастички и сè ви оди од рака. Искористете го тоа и завршете ги почнатите проекти на најдобар можен начин.

Љубов: Ве привлекува една личност во знакот Лав. Забавете и не влегувајте брзо во авантури ако не сте сигурни дали можете да се изборите со своите чувства.

Здравје: Проблеми со варењето на храната.

 

БЛИЗНАЦИ

Работа: Бидете слободни да ги искажете своите несогласувања околу клучните прашања и верувајте во својата интиуција. На крајот шефот и колегите ќе видат дека сте биле во право.

Љубов: Не можете да престанете да мислите на личност од минатото и тоа ве спречува да продолжите понатаму. Штом од тоа ќе се ослободите, ќе бидете подготвени за нова љубов.

Здравје: Ставете во својот распоред повеќе спортски активности.

 

РАК

Работа: Имате впечаток дека не можете се да постигнете. Забавете го темпото и ќе бидете повеќе продуктивни отколку да решавате неколку проблеми одеднаш, а не можете на сè да се посветите.

Љубов: Имате разбирање за двоумењето на партнерот и бидете отворени кон него. Разговарајте за своите чувства, затоа што тоа е патот кон заедничка иднина.

Здравје: Настинка.

 

ЛАВ

Работа: Самите сте превземале улога на водач, и сега носите последици од таа одговорност. Бидете малку покреативни и ќе видите како работите одат кон подобро.

Љубов: Нервозни сте и ви недостасува внимание од партнерот, односно сте „магнет“ за караници. Немојте да се „истресувате“ на него, туку прво соберете ги сопствените мисли.

Здравје: Медитирајте.

 

ДЕВИЦА

Работа: Ви се отвораат нови работни можности и немојте да се „штедите“ да земете се што ви е понудено. Можен поголем прилив на пари.

Љубов: Љубоморни сте и тоа на партнерот почнува да му смета. Сопрете ја вашата љубомора, доколку не сакате поголеми проблеми во врската.

Здравје: Главоболка.

 

ВАГА

Работа: Вложениот труд, сепак, на крајот ќе се исплати и тоа многу подобро од она што го очекувавте. Немојте да се сомневате во тоа, и бидете трпеливи.

Љубов: Еден Овен многу често се движи околу вас. Прифатете го повикот на пијалок, можеби нешто добро ќе се роди од тоа.

Здравје: Висок притисок.

 

ШКОРПИЈА

Работа: Ве мачат некои незавршени проекти од минатото, што ви смета во сегашните моменти. Фокусирајте се на денешниот ден и завршете ги обврските на време, па тогаш анализирајте ги грешките од минатото.

Љубов: Ви се допаѓа играта на „мачка и глушец“. Но, водете смета доколку се занесете, некој сигурно ќе излезе повреден.

Здравје: Добро се чувствувате.

 

СТРЕЛЕЦ

Работа: Многу сте мотивирани за работа и ништо не ви е тешко. Малку натпреварувачки дух не е на одмет, така го вадите најдоброто од себе.

Љубов: Се чувствувате како партнерот да ве гуши, и потребна ви е слобода. Направете мала дистанца за размислување.

Здравје: Посетете стоматолог.

 

ЈАРЕЦ

Работа: Премногу сте расеани и сметате дека не ве ценат доволно на работното место. Но, тоа е само ваш впечаток, а вашите одлични резултати зборуваат за вас.

Љубов: Уживате во поддршката и безусловната љубов на партнерот.

Здравје: Потребно ви е повеќе спиење.

 

ВОДОЛИЈА

Работа: Имате добри идеи, само ви недостасува мотивација да ги спроведете во дело. Размислувајте краткорочно, и планирајте чекор по чекор.

Љубов: Малку флерт добро ќе ви дојде. Излезете со пријателите и опуштете се.

Здравје: Болки во грбот.

 

РИБИ

Работа: Сте станале мрзеливи и тоа ви е јасно. Немојте да одбиете помош од еден Рак, многу е добронамерна, а имате и заедничка цел.

Љубов: Сонувањето е едно, а имање на нездрави илузии сосема друга работа. Пробајте малку да се вратите во реалноста и подобро да ја согледате целата ситуација.

Здравје: Внесувајте повеќе вода, овошје и зеленчук.