Живот и Стил

Дневен хороскоп: Вторник (12.јануари,2021 година)

Дневен хороскоп: Вторник (12.јануари,2021 година)

ОВЕН

Работата е во застој и не знаете како да ја подигнете. Секоја идеа наидува на пречки поради кои не може да се реализира. Брачниот партнер ви пружа емотивна и материјална поддршка. Се потпирате на него во секоја смисла. Не сте расположени.

БИК

Задоволни сте како се одвива работата. Се добро сте испланирале, а реализацијата тече глатко. Работата ви дава чувство на сигурност. Не сте заинтересирани за врска. Сте дошле до степен што ниту да имате на партнерот што да му кажете, ниту тој вам. Се чувствувате одлично.

БЛИЗНАЦИ

Задоволни сте како се развива работата. Упорни сте и прагматични. Надредената личност ве фали. Задоволни сте од односот со партнерот. Тој делува загрижено, но во целост е посветен на врската. Добро се чувствувате.

РАК

Сте кренале раце од работа. После неколку обиди да ја почнете работата, сте добиле впечаток дека тоа е невозможно. Свесни сте дека брачниот партнер не го интересира повеќе бракот, и дека веднаш би прифатил развод доколку би го предложиле. Главоболка ве мачи.

ЛАВ

Не успевате да ги решите проблемите. Дури ни вашата упорност ниту дополнителниот труд не дава никакви резултати. Брачниот партнер е во депресија. Сметате дека таа е од минлив тип, па не се возбудувате премногу околу тоа. Не сте расположени.

ДЕВИЦА

Соработката со странците одлично се развива. Сето останато не ви оди од рака. Конечно, стигнуваат парите кои сте ги чекале. Бракот е во голема криза. Некогаш сте уживале во комуникацијата со партнерот, а сега комуникација воопшто нема. Нестабилен притисок.

ВАГА

Работата е стабилна. Задоволни сте како се одвива. Работите во опуштена атмосфера што ви е многу важно. Уживате во односот со брачниот партнер. Ви делува загрижено, но тука сте да го опуштите. Се чувствувате одлично.

ШКОРПИЈА

Денот е тежок. Што и да започнете да работите, не ви оди од рака. Демотивирани сте од ситуацијата на работа. Имате симпатија, но немате контакт со неа. Чекате вистински момент за да тргнете во акција. Чувајте се од настинка.

СТРЕЛЕЦ

Работата совршено се одвива. Се што замислувате, тоа и го остварувате во најкраткиот можен рок, без компликации. Задоволни сте како врската се одвива. Партнерот е емотивно стабилен, што многу ви значи. Имунитетот ви е слаб.

ЈАРЕЦ

Работата стагнира, и загрижени сте поради тоа и поради лошите финансии. Немате идеја како да ја подобрите ситуацијата. Емотивно сте незаинтересирани за брачен партнер. Сметате дека бракот е чиста форма, затоа што емоциите исчезнале. Коските се чувствителни.

ВОДОЛИЈА

Планирате некои стари идеи да ги преформулирате и да ги реализирате. Имате огромни очекувања. На емотивното поле нема нови случувања. Имате субјективен впечаток дека никогаш нема да запознаете личност која ви одговара за врска. Не сте расположени.

РИБИ

Задоволни сте како се одвива работата. Заинтересирани сте за соработка со странци, и во тој правец вложувате напор. Бракот е во криза. Брачниот партнер целосно се оддалечил од вас, и не знаете што да направите за да го поправите односот. Стабилно здравје.

извор:нетпрес.ком.мк