Живот и Стил

Дневен хороскоп: Вторник (10.Ноември,2020 година)

Дневен хороскоп: Вторник (10.Ноември,2020 година)

ОВЕН

Разочарани сте за прекинот на комуникацијата со странските соработници. Сте имале надеж дека ќе остварите успешна соработка. Заинтересирани сте за личност која е оддалечена од вас и далечината ви се чини како проблем. Не сте расположени.

БИК

Свесни сте дека работното опкружување не е пријателски настроено кон вас, но вие упорно работите како што мислите дека треба. Лошата комуникација со саканата личност се завршува со прекин на врската. Посетете гинеколог.

БЛИЗНАЦИ

Прилично сте комуникативни и сугестивни, а вашата приказна е полна со ентузијазам. Без никакви проблеми ја постигнувате саканата соработка. Не сте опуштени во врската и сакате да го контролирате партнерот, што не е воодушевен од тоа. Стабилно здравје.

РАК

На колегите им предложувате идеји кои не ви се допаѓаат. Вие сте упорни тие да ги прифатат, а ним не им се допаѓаат. Се чувствувате осамено. Сакате да најдете друга половина што брзо. Проблеми со кожата.

ЛАВ

Загрижени сте поради ситуацијата на работа. Работа нема, а тоа директно се одразува на финансиите. Со партнерот не успевате да воспоставите нормална комуникација. Пробувате да доминирате, а другата страна одбива. Реума.

ДЕВИЦА

Успешно го регулирате работниот проблем благодарение на приватно познанство. Во емотивна смисла сте осамени. Имате потреба за опуштена, редовна комуникација околу секојдневни работи. Стабилно здравје.

ВАГА

Задоволни сте како работата се одвива, но и од прилив на финансии. Ве очекува изненадувачка средба со симпатијата. Не сте ја очекувале, па не се снаоѓате најдобро. Претерувате со храната.

ШКОРПИЈА

Атмосферата на работа е наелектризирана. Сте се подготвиле ако нешто некој ви каже, да знаете што да одговорите и како да вратите. Не сте задоволни од бракот. Размислувате за добрите и лоши страни на бракот. Проблеми со синусите.

СТРЕЛЕЦ

Под стрес сте поради работа и финансии. Имате многу обврски, додека од друга страна финансиите се ограничени. Не сте задоволни од врската и ја прекинувате. Преуморни сте. Одморајте.

ЈАРЕЦ

Вашите ставови се непоплрни и ви носат проблеми. Од постигнување на договор нема ништо, а другата страна дури ја прекинува комникацијата. Не сте задоволни од врската и размислувате за прекин. Проблем со зглобовите.

ВОДОЛИЈА

На колегите им ја презентирате ситуацијата подобро од она што е. Другата страна планира да ја провери вашата приказна. Ви пречи посесивноста на партнерот и тоа што не ја разбира вашата потреба за дружење. Алергија.

РИБИ

Задоволни сте од работниот успех и од тоа што сами сте стигнале до него. Доаѓа до подобрувања на односот во бракот. Драго ви е што повторно се чувствувате сакано. Слободно покажувајте ги емоциите. Стабилно здравје.

извор:нетпрес.ком.мк