Живот и Стил

Дневен хороскоп: Среда (15.мај, 2019 година)

Дневен хороскоп: Среда (15.мај, 2019 година)

Оваа среда Венера влегува во Бик, чиј владетел и е, и е секако добра приказна и ветувачки склад на две енергии, но сепак не кај сите…Ракови, Риби, Бикови и секако Девици и Јарци посебно ќе ги почувствуваат сите добри страни на оваа енергија, додека останатите знаци можат да ја доживеат малку поинаку, особено Скорпиите, кај кои може да се јави премногу голема чувствителност и вознемиреност.На Терезиите и Стрелците ќе им треба некое време за да се адаптираат…
Ви го посакуваме секое добро!

Овен
Работа: Нема потреба да се однесувате лекомислено на деловни состаноци, бидејќи информациите и ветувањата што ги добивате не претставуваат гаранција за добивка. Ако имате добри идеи, проверете го одзивот во кругот на соработниците.
Љубов: Бидете сигурни дека постапувате со голем ентузијазам или неодоливост во друштво на блиска личност. Навистина, секогаш постои начин да се добие она што го сакате.
Здравје: Започнете со рекреација.

Бик
Работа: Важно е да останете доследни во вашите намери. Животната средина има доволно интерес да ги поддржи вашите бизнис идеи. Обидете се да ги претставите вашите способности во одбрано друштво и на соодветен начин.
Љубов: Контактирајте со лице кое ви дава креативна инспирација и емоционално задоволство. За среќа, вие сте во позиција убавото и корисното да го поврзете во различни насоки.
Здравје: Добро се чувствувате.

Близнаци
Работа: Момент е да се забрзаат некои деловни зделки. Вие непотребно ја одложувате ситуацијата што почнува да го нарушува продолжувањето на деловната соработка. Има настани кои немаат големо влијание и некој друг има извршна моќ.
Љубов: Треба да се однесувате релаксирано пред блиска личност поради подобро разбирање. Дозволете му на вашиот партнер да има поголема улога во близок контакт.
Здравје: Добро се чувствувате.

Рак
Работа: Не дозволувајте некој да ве оптоварува со своите погрешни идеи или да го ограничи вашето деловно и социјално влијание.На вас е да им предложите на вашите соработници ново решение кое треба да ги задоволи различните интереси.
Љубов: Понекогаш, како да го губите разумот или трпеливоста пред близок човек кој прави голем број работи што не ги сакате.Премногу сте напнати во нечија близина.
Здравје: Потребен ви е одмор.

Лав
Работа: Ако вашите чувства се пред разумот, тогаш сигурно постои некоја добра причина за тоа. Контактирајте со лице кое ве поттикнува да се изразите креативно или да имате добро расположение.
Љубов: Чувствувате зголемен емотивен ентузијазам во нечија близина и имате нова улога. Понекогаш тие чудесни желби можат да се постигнат. Важно е да се работите да се нарекуваат со вистинското име.
Здравје: Добро се чувствувате.

Девица
Работа: Во средба со соработниците, постапувајте смислено и барајте повеќе практични решенија за заедничките дилеми. Немојте да бидете премногу нападни. Дозволете им на другите да зборуваат за вашите способности или во ваша корист.
Љубов: Покажете великодушност пред саканата личност. Избегнувајте ривалство или љубовни шеги кои непотребно ве одвојуваат. Дури и кога мислите поинаку, тоа не треба да доведе до конфронтација.
Здравје: Земајте повеќе течности.

Терезија
Работа: Ако премногу се уживувате во улогата на дежурен критичар, потребно е да се соочите со некои негативни реакции од вашите соработници. Вие не можете секогаш да влијаете на нечие размислување или однесување.
Љубов: Избегнувајте ситуации кои делуваат премногу провокативно или личност која не одговара на вашите емоционални афинитети. Мора да имате доза на самоконтрола и претпазливост.
Здравје: Добро.

Скорпија
Работа: Понекогаш е тешко да се признае личен пораз пред соработниците, но на таков начин ќе добиете нова можност да ги реализирате своите намери. Вашите идеи можеби не можат да се остварат во реалноста без нечие практично водство и поддршка.
Љубов: Анализирајте ги внимателно новите пораки што ги добивате од саканата личност. Не игнорирајте нечиј збор или емотивно предупредување само затоа што не ви се допаѓа она што го слушате.
Здравје: Добро.

Стрелец
Работа: Договорот со едно лице ве обврзува на одредена дискреција. Сепак, имате различни идеи со одбивање на поддржувачка улога во деловната соработка. Размислете внимателно пред да повлечете нов потег.
Љубов: Партнерот делува незадоволен и изгледа како мрзоволно да ги коментира вашите барања. Понекогаш сакате повеќе отколку што е можно, па прилагодете ги вашите критериуми.
Здравје: Вознемирени сте.

Јарец
Работа: Вашата деловна стратегија не остава доволно убедлив впечаток на одредени соработници или влијателна личност. Ви преостанува да прифатите компромисно решение.
Љубов: Нема причина да го прикривате своето не расположение пред лице кое добро ве познава. Ви треба нечија искрена поддршка. Со потиснување на чувствата само поттикнувате уште поголема напнатост.
Здравје: Повеќе прошетки добро ќе ви дојдат.

Водолија
Работа: Мимо своја волја, се впуштате во различни деловни ситуации, а сега барате добар излез или некое практично решение. Чувајте ја присебноста на духот, секој проблем има потенцијално добро решение.
Љубов: Избегнувајте ривалски односи или ненадејни испади на љубомора на средба со блиска личност. Некој има се поголемо влијание врз вашето емотивно расположение.
Здравје: Проблеми со грлото.

Риби
Работа: Избегнувајте заострени конфликти со соработниците или со лице кое ве обврзува со одредени услови. Не можете на сите да им угодите, но не треба да ја игнорирате позитивната страна на партнерството или улогата што ја играат одредени соработници.
Љубов: Ви треба нечија искрена поддршка или личност со која може да изгради чувство на доверба и емоционална блискост.
Здравје: Добро.