Живот и Стил

Дневен хороскоп: Среда (10.Март, 2021 година)

Дневен хороскоп: Среда (10.Март, 2021 година)

ОВЕН

Работа: Избегнувајте контакти со представниците на медиумите, или бар одложете ги затоа што може лошо да се заврши за вас.

Љубов: Ако сте во брак постои личност која пробува да ја освои вашата партнерка.

Здравје: Солидно здравје.

БИК

Работа: Работата се одвива регуларно, без никакви тешкотии. Правите нови планови. Почнувате да размислувате за приватен бизнис.

Љубов: Во редовен контакт сте со симпатијата. Пасивни сте и чекате иницијатива од другата страна.

Здравје: Добро се чувствувате.

БЛИЗНАЦИ

Работа: Во случај да се занимавате со приватен бизнис, конечно, ги решавате правните прашања кои долго ве мачеле, а ве очекува и судско решение во ваша корист.

Љубов: Презадоволни сте од врската и во целост се посветувате на партнерот.

Здравје: Солидно здравје.

РАК

Работа: Ве очекува зголемен обем на работа, но се уфрлате во брзина и се успевате да направите.

Љубов: Заинтересирани сте за брак, но партнерот тоа никако да го спомене.

Здравје: Стабилна ситуација.

ЛАВ

Работа: Работата се развива онака како што сте планирале. Поради работни тешкотии доаѓа до одложување на плановите.

Љубов: Имате тајна симпатија, и максимално уживате во нејзиниот флерт. Се трудите никој, освен симпатијата да не ги примети вашите чувства.

Здравје: Чувајте го срцето.

ДЕВИЦА

Работа: Не сте задоволни од ситуацијата на работа. Ве очекуваат непланирани проблеми поради кои нема да бидете во можност да ги завршите обврските.

Љубов: Брачниот партнер упорно пробува да го насочи вниманието на себе.

Здравје: Не сте расположени.

ВАГА

Работа: Ако се занимавате со приватен бизнис, денеска е лош ден. Се соочувате со тешкотии кои го успоруваат процесот на работа.

Љубов: Во фаза сте на флерт. Имате впечаток дека е безизлезен, а во суштина сте загреани повеќе од што мислите.

Здравје: Добро се чувствувате.

ШКОРПИЈА

Работа: Ситуацијата е стабилна. Се држите под контрола, што ви одговара.

Љубов: Емоциите ви проработиле така што се трудите што повеќе време да минете со другата половина.

Здравје: Стабилно здравје.

СТРЕЛЕЦ

Работа: Ако сте приватник, заинтересирани сте за соработка со странски партнери.

Љубов: Планирате краток пат со саканата личност.

Здравје: Стабилно здравје.

ЈАРЕЦ

Работа: Се трудите да ги подобрите финансиите. Ако сте правник, задоволни сте како се одвива работата.

Љубов: Не сте целосно отворен во врската, како и вашиот партнер. Потребно е да работите на односот.

Здравје: Расположението е во пад.

ВОДОЛИЈА

Работа: На работа ве очекуваат проблеми кои нема да успеете да ги решите во целост. Тоа ќе придонесе за пад на расположението.

Љубов: Комуникацијата со симпатијата е присутна и понатаму, но никој не споменува врска.

Здравје: Не сте расположени.

РИБИ

Работа: Одличен ден за средба со претставниците на медиумите, а причината ќе биде вашиот успех.

Љубов: Партнерот и вие не сте на иста линија. Додека тој е заинтересирана за интелектуална размена, вам ви е неопходна емотивна.

Здравје: Стабилно.

изворнетпрес.ком.мк