Живот и Стил

Дневен хороскоп: Понеделник (23.Септември,2019 година)

Дневен хороскоп: Понеделник (23.Септември,2019 година)

Овен
Опкружени сте со позитивна енергија. Употребете ја за промовирање на вашите способности. Кратките патувања ќе ве задоволат и ќе внесат свежина во секојдневието. Потребни ви се убави моменти со вашите сакани.

Бик
Идеализираните романтични впечатоци ќе се искомбинираат со интензивната страствена енергија, па денес ќе имате многу набиен емоционален и еротичен ден. Не дозволувајте партнерот да добие впечаток дека не почитувате никакви граници.

Близнаци
Денот е одличен за комуникација со другите луѓе. Не трошете премногу енергија и нерви за прашањата и проблемите во кои немате многу удел. Денот ќе го поминете во друштвото на вашите пријатели.

Рак
Денес ќе бидете лесно раздразливи и ќе ве иритираат секакви ситници во околината. Некои од вас едвај ќе дочекаат партнерот да направи некоја мала грешка, за да можат да реагирааат. Обидете се да се контролирате.

Лав
Денеска веројатно нема да можете да го контролирате тоа што го чувствувате, па затоа ќе имате потреба да содадете драматична ситуација. Пред вас е ден полн со можности, но водете сметка за сопствените импулсивни чекори, да не ги расипете овие шанси.

Девица
Партнерот или некој пријател денеска ќе направи нешто невообичаено. Ќе ве изненадат со убави вести или некои убави гестови. Но не е исклучена и можноста, некој сосема неочекувано да ве запознае подобро. Со парнерот можете да си приредите убави изненадувања.

Вага
Шансите за успех се огромни. Ќе имате мали проблеми да се усогласите со соработниците. Активни сте и сакате да ги завршите работите што е можно побрзо, а другите имаат лежерен пристап кон обврските.

Скорпија
Денес е вистински момент да решите некои важни прашања и пропусти од претходниот период. Можеби премногу очекувате од саканата личност. Првенствено размислете што е тоа што го давате, а што барате од другата страна.

Стрелец
Расположени сте во контактот со другите да го покажете најдобриот дел од себе. Тимската работа ви е загарантирана денеска. Не сте од оние кои сакаат да работат сами и тоа ќе ве направи многу среќни. На саканата личност покажете и колку се силни вашите емоции кон неа.

Јарец
Време е да се позанимавате со состојбата на вашата сметка. Можеби ситуацијата ќе биде обесхрабрувачка, но не ја губете надежта. Помошта или решението ќе дојдат сосема неочекувано. Разговорите со љубовна тематика сосема ќе ве збунат.

Водолија
Очекувате другите да се прилагодуваат на вас, а од друга страна вие не сте подготвени да излезете во пресрет. Усогласувањето сега е неопходно, посебно затоа што имате добри можности да остварите значајни резултати.

Риби
За полесно да ги поднесете обврските, настојувајте да ги поделите соблиските. Би можеле да задоцните на некој договор или да се оптоварувате со трачеви и неважни ситници. Некои планови ќе се сменат во последен момент, но не по ваша заслуга.

извор:слободен печат