Живот и Стил

Дневен хороскоп: Понеделник (19.Октомври, 2020 година)

Дневен хороскоп: Понеделник (19.Октомври, 2020 година)

ОВЕН

Незадоволни сте од себе, затоа што и покрај тоа што сте максимално ангажирани, не успевате да ги надминете тешкотиите на работа. Имате впечаток дека врската стагнира, и дека размислувате да ја прекинете. Расположението ви варира.

БИК

Задоволни сте како се развива работата. Пофалби стигнуваат од надредените и вие со дополнителна мотивација продолжувате да работите. Во емотивна смисла не сте исполнети и чекате да видите дали ќе дојде до подобрување на односот. Добро се чувствувате.

БЛИЗНАЦИ

Во опција ви се повеќе работни идеи, па вие ги ставате на вага. Сите имаат предности, но и недостатоци. Постои личност на која мислите. Ви недостасува. Не сте сигурни како ќе реагира ако и се јавите. Малку сте нерасположени.

РАК

Полни сте со самодоверба и расположени за нови работни предизвици. Во емотивна смисла не сте исполнети. Многу сте емотивни и имате потреба да се грижите за некого и да чувствувате емотивна сигурност. Проблеми со бубрезите.

ЛАВ

Пред вас е ново работно поглавје. Сте добиле работна понуда која ви одговора, и без двоумење ја прифаќате. Емотивни сте исполнети. Проблеми со срцето.

ДЕВИЦА

Целосно сте незадоволни од ситуацијата на работа и работниот партнер. Другата страна не ги задоволува вашите критериуми. Од ова поле сте целосно задоволни. Уморни сте.

ВАГА

Работата се одвива на оптимален начин. Она што ве загрижува се финансиите. Сакате да трошите пари, а сега не сте во ситуација да го правите тоа. На емотивното поле ве очекува необрзувачки и неинтересен флерт. Алергии се можни.

ШКОРПИЈА

Ве очекуваат сериозни проблеми. Со оглед дека сте добро запознати со ситуацијата, сте се подготвиле за соочување со нив. Презадоволни сте од тајната врска. Ваква врска сте чекале целиот живот. Солидно здравје.

СТРЕЛЕЦ

Релативно сте задоволни како работата напредува. Очекувате пари, тие ви даваат „ветер во грб“. Исполнети сте. Бракот ги исполнува вашите очекувања. Проблеми со нервите.

ЈАРЕЦ

Амбициозни сте и упорни. Водите сметка околу парите, па изненадувачки трошок ви паѓа тешко. Одличен ден за запознавање. Другата страна не е сигурна каков впечаток оставила на вас. Проблеми со циркулација.

ВОДОЛИЈА

Целосно сте незадоволни од ситуацијата на работа. Сакате да одите на подолг одмор додека проблемите не се решат. Со партнерот немате задоволувачки однос. Ви недостасува чувството на заедништво. Солидно здравје.

РИБИ

Не сте задоволни од соработниците и ја прекинувате соработката. Разочарани сте, затоа што сте очекувале повеќе. Од партнерот очекувате во овие мигови да биде крај вас. Не сте расположени.

извор:нетпрес.ком.мк