Живот и Стил

Дневен хороскоп: Петок (27.Ноември,2020 година)

Дневен хороскоп: Петок (27.Ноември,2020 година)

ОВЕН

Работа: Ги договарате последните детали со странците врзани за почеток на нов проект. Имате силна желба за докажување и проектот да доживее успех.

Љубов: Брачниот партнер не сака да признае дека се оддалечува од вас и дека бракот влегува во криза.

Здравје: Стабилно здравје.

БИК

Работа: Целосно сте незадоволни од соработката со надредената личност. Ви пречи неговата хистерија, тврдоглавост и ментално ограничување. Носите одлука да барате нова работа.

Љубов: Уживате во стабилната врска.

Здравје: Нервите се тенки.

БЛИЗНАЦИ

Работа: Започнувате подготовки за почеток на приватен бизнис. Сметате дека имате доволно разбирање и искуство самостојно да работите.

Љубов: Хистеријата на партнерот сериозно ви пречи и го доведува до прашање опстанокот на врската.

Здравје: Солидно здравје.

РАК

Работа: Ве очекува краток пат во странство. Склучувате соработка која овозможува долгогодишна соработка.

Љубов: И покрај лошиот однос со партнерот, пробувате да се убедите себе си дека бракот има перспектива.

Здравје: Стабилно здравје.

ЛАВ

Работа: Имате впечаток дека странските соработници не се претерано заинтересирани за соработка, па се фокусирате на домашните партнери.

Љубов: Одличен ден за ново познанство. Другата страна е повеќе заинтересирана отколку вие.

Здравје: Здравјето е стабилно.

ДЕВИЦА

Работа: Денот не може да биде полош. На работа ве очекуваат проблеми врзани за работното фијаско и изоставување на било какви резултати.

Љубов: На емотивна сфера не помислувате.

Здравје: Нервите се чувствителни и потребен ви е одмор.

ВАГА

Работа: Работата нормално се развива, а вие правите планови како и понатаму да го проширите.

Љубов: Врската се завршува неславно, а вие не признавате дека некои ваши лоши потези придонеле да дојде до тоа.

Здравје: Физички сте добро, но во тешка депресија.

ШКОРПИЈА

Работа: Целата енергија ја насочувате во работната област. Сте си задале цели кои мора да ги остварите. Делува како сами да се докажувате.

Љубов: Уживате во стабилниот однос со партнерот.

Здравје: Време е физички да се активирате.

СТРЕЛЕЦ

Работа: Прекинувате со комуникацијата. Не сакате да соработувате со личност која е хистерична и ги гледа само своите цели.

Љубов: Ви годи добрата комуникација со брачниот партнер.

Здравје: Неопходен ви е одмор.

ЈАРЕЦ

Работа: Презадоволни сте од разбирањето и соработката со колегите. Правите нови, и уште поамбициозни планови за работа. Ве очекува изненадувачки трошок кој ќе ве изнервира.

Љубов: Емотивното поле не ве интересира денеска.

Здравје: Нервите се чувствителни.

ВОДОЛИЈА

Работа: Не сте задоволни од соработката со странските партнери. Потребни сте неопходни промени со кои тие не се сложуваат.

Љубов: Брачниот патрнер мисли дека сте напнати, па ве заобиколува.

Здравје: Раздразливи сте и наклонети кон испаѓање од такт.

РИБИ

Работа: Вредни сте и со желба за јавно признание. Се фокусирате на работи кои може да доведат до медиумско внимание.

Љубов: Депресивни сте поради прекин на врската. Прекинот ве погодил повеќе од што сте очекувале.

Здравје: Стабилно.

извор;нетпрес.ком.мк