Живот и Стил

Дневен хороскоп (8 јуни 2020)

Дневен хороскоп (8 јуни 2020)

ОВЕН

Во текот на денешниот ден ќе успеете да решите мали недоумици и несогласувања кои сте ги имале претходно. Поради расправија со личноста која ви значи, доаѓате до прекин и оддалечување. Проблеми поради слаб имунитет.

БИК

Денеска ќе имате доста среќа на полето работа, па без проблеми ќе ги остварите своите цели. Вашите очекувања во љубовта ве доведуваат до разочарување. На полето емоции, не сте многу среќни. Немате проблеми со здравјето.

БЛИЗНАЦИ

Бидете подготвени на промени на работа. Важно е да очекувате некои пресврти кои не сте ги имале во предвид. Караниците со саканата личност ви носат немир. Понекогаш ви се чини дека раскинувањето е решение. Градниот кош ви е чувствителен.

РАК

Многу работи не одат онака како што сте замислиле на работа. Чувствувате оптоварување. Денеска ќе имате шанса да сретнете нов познаник кој ќе ви годи. Синусите ви се чувствителни.

ЛАВ

Пред вас е ден кој носи шанса на работа да научите нешто ново од туѓите, но и од своите грешки. Спремни сте да донесте важни љубовни одлуки. Ве очекува период кој е поволен за брак. Проблеми со штитната жлезда.

ДЕВИЦА

Денеска ви е неповолен ден за работа, па чувајте се. Избегнувајте било какви промени. Неопходно е да се посветите на носење на нови одлуки за на љубовното поле да остварите подобрување. Низок притисок.

ВАГА

Загрижени сте поради својата работа, која претставува неизвесност и оптоварување. Наклонети сте со саканата личност да влегувате во конфликти и да дигате тензија. Потребни ви се промени. Несоница е можна.

ШКОРПИЈА

Нема да бидете претерано задоволни од околностите кога е во прашање работата. Работите не се одвиваат по планот. Доколку имате прилика за ново љубовно познанство треба да ја искористите. Нервниот систем ви е чувствителен.

СТРЕЛЕЦ

Ве очекуваат мали несогласувања во односот со надредените. Поволен период за промена на работа. Нема нови случувања на полето емоции. Избегнувајте караници со партнерот ако сте во брак. Грбот ви е чувствителен.

ЈАРЕЦ

Премногу очекувате на ова поле. Можно е да не сте задоволни од исходот на одработеното. Чувствувате дека постои доза на неискреност кон вас од страна на партнерот, и не сте задоволни поради тоа. Избегнувајте алкохол.

ВОДОЛИЈА

Ве очекуваат проблеми кои може да ги решите ако ја употребите својата креативност. Срамежливи сте, па кон саканата личност не може да ги покажете своите чувства. Чувствувате дека сте се оддалечиле. Урогениталниот тракт ви е чувствителен.

РИБИ

Можно е некое време да стагнирате. Моментално ви владее бавен период на ова поле. Посветени сте на саканата личност која ви враќа со убави емоции. Очекувајте поволен период. Наклонети сте кон алергии.

извор: Нетпрес