Живот и Стил

Дневен хороскоп (09/11/2020)

Дневен хороскоп (09/11/2020)

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Повеќето денеска ќе уживаат во својата голема способност да допрат до најсуптилните вибрации на чувствата.

Кариера

Вработените во институции од затворен тип, денеска доаѓаат до завршување на една фаза во работата. Другите ќе мечтаат.

Здравје и совет

Слушајте ја интуицијата.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Вашата врска и денеска ќе се базира врз секс. На тој начин на партнерот ќе му се вовлечете под кожа.

Кариера

Ќе се потрудите околу некои спонзори со што ќе ја зацврстите финансиската структура на фирмата каде што работите.

Здравје и совет

Преминете од зборови на дела.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Оние кои од саканите очекуваа да им дадат сигурност, денеска тоа ќе го дочекаат. Ќе бидат задоволни.

Кариера

Ќе им се заблагодарувате на своите соработници што ве следат и имаат доверба во вашите нови идеи.

Здравје и совет

Внимавајте на повреди.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Партнерот ќе покаже големо количество емоции, што вие нема да можете да ја следите и да ја разберете.

Кариера

На дневен ред би можел да се најде нов договор за работа. Добро проучете ги деталите, па потоа донесете одлука.

Здравје и совет

Ќе има пријатни средби.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Можно е денеска некој да ви искаже љубов или обратно. Ќе биде весело со доста искрени емоции.

Кариера

Ќе бидете креативни им оригинални.На оние кои имаат помалку интересна работа, ќе им треба начин за да се изразат.

Здравје и совет

Бидете сериозни.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

На многумина ќе им се чини дека ги води некоја невидлива рака кон уште поголема среќа. Или сте вљубени или се заљубувате.

Кариера

Вашата склоност да си поигрувате со луѓето не е секогаш пријатна. Луѓето се нешто повеќе отколку играчки.

Здравје и совет

Бидете она што сте.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Некои меѓу вас најверојатно ќе покажат чувства кон пријател што можеби ќе ги збуни нивните партнери.

Кариера

Очекуваната заштита би можела да се случи токму денеска. Ќе бидете подготвени за соработка, но ќе треба и да се докажете.

Здравје и совет

Немате грижи.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Ќе почувствувате плима од емоции како расте во вас. Тоа ќе ви биде критериум за сите денешни случувања.

Кариера

На дневен ред ќе се најдат финансиите.Ќе разгледувате нови можности за заработувачка и зголемување на профитот.

Здравје и совет

Мала пречувствителност.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Оние кои биле на прагот на љубовта, денеска ќе увидат дека токму тоа им се случува.

Кариера

Ќе се повикате на резултатите од претходната работа, кои не се за потценување.

Здравје и совет

Прифатете ги добрите намери на другите.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Не е лесно да се открие или признае грешка, но чесно е да се соочите. Размислете и постапете како што ви вели срцето.

Кариера

Ќе работите на стара задача што не е довршена. Ќе најдете начин да уживате во тоа.

Здравје и совет

Издржете.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Би можело да дојде до бесмислени надмудрувања околу доминација во личните односи. Воздржете се од тоа.

Кариера

Не се сомневајте во себеси. Ова е само преодна фаза низ која морате да поминете.

Здравје и совет

Не се откажувајте.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Оние во подолги врски навистина ќе уживаат во секој момент на заедничкото секојдневие.

Кариера

Следуваат нови услови за работа на работното место, главно ќе ви одат на рака, па прифатете ги.

Здравје и совет

Можна е посета на козметичар.

извор: ипортал.мк