Живот и Стил

Девет совршени фустани во кои ќе блеснете на зимска венчавка

Девет совршени фустани во кои ќе блеснете на зимска венчавка

Иако периодот на венчавки речиси е завршен, постојат некои двојки кои сепак се одлучуваат свадбената церемонија да ја направат во текот на зимските месеци.

Тоа не значи дека ако сте поканети, нема да имате што да облечете, туку едноставно ќе ви треба малку повеќе време да го најдете совршениот фустан.

Без разлика што веќе е студено, не значи дека не можете да носите некој фустан без ракави, туку едноставно треба да го комбинирате со некое стилско палто или наметка.

Оваа сезона девојките се вљубени во класичните фустани надополнети со впечатливи детали со кои ќе ја заокружите целата модна приказна.

Малиот црн фустан секоја сезона е еден од омилените, па така е и овој пат, а девојките обожуваат и парчиња со шик принт и изработени од впечатливи материјали.

Погледнете ги нашите фаворити за оваа зимска свадбена сезона, а ние се надеваме дека барем малку ќе ви помогнеме во изборот.

извор: точка.мк