Живот и Стил

Десерт за 20 минути: Чоколадни американски палачинки

Десерт за 20 минути: Чоколадни американски палачинки

Овој десерт ќе ви стане еден од омилените.

Потребни состојки:

  • 200 г брашно
  • 2 јајца
  • 200 мл млеко
  • Лажица шеќер
  • Прашок за печиво
  • 80 г чоколадо
  • Путер

Начин на подготовка:

Изматете ги со миксер сите состојки освен чоколадото и путерот. Загрејте го путерот на средна температура.

Палачинките треба да бидат со пречник околу 7-8 центиметри. Кога ќе се направат меурчиња додајте парчиња чоколадо и додајте уште малку од смесата за да не се залепат кога ќе ги свртите на другата страна. По желба, украсете ги палачинките со шлаг.

извор: курир.мк