Живот и Стил

Дали знаете колку пати можете да го користите истиот брич?

Дали знаете колку пати можете да го користите истиот брич?

Бричот за еднократна употреба е брз и лесен начин за отстранување на влакната од телото, особено ако немате време за нанесување на восок. Сепак, треба да бидете претпазливи.

Имајте на ум дека бричот е наменет за краткотрајна употреба, бидејќи брзо станува тап и може да предизвика исеченици и бројни инфекции на кожата, пишува Дејли Мејл.

Една од најчестите бактериски инфекции е Staphylococcus aureus (златна стафилококна) инфекција.

Препораката на експертите е бричот да го замените со нов, пет до десет пати по употребата.
Освен тоа, ако бричот остане влажен или ако не го измиете добро по употреба, постојат големи шанси да им се обезбедите микроби кои можат да предизвикаат габични инфекции.

Дерматолозите велат дека ако забележите дека сечилото почнало да рѓосува, се врежува или нанесува гребаници на кожата, тоа е јасен знак дека е време да се фрли бричот.