Живот и Стил

Дали знаете кои фризури ќе бидат тренди оваа есен?

Дали знаете кои фризури ќе бидат тренди оваа есен?

Промената на годишното доба во нас предизвикува најразлични промени и потреби за некаков “нов почеток“.

Тогаш обично почнуваме со средување на нередот од својот живот, а кога во животот наизглед сè ќе средиме, важно нѝ е да направиме и некоја мала физичка промена, но ништо полесно од промена на фризурата.

Токму затоа ви носиме 3 фризури кои оваа есен ќе бидат најмногу носени, со оглед на тоа што уште отсега нѝ ги пласираат девојките кои ја следат модата и популарните светски фризери.

После топлите летни денови, кои можеби оставиле одредена трага во нашата коса, со оглед на деновите поминати на сонце и капењето во морската вода, на косата дефинитивно би ѝ одговарало освежување во вид на кратење.

Оваа есен инспирација може да пронајдете во 90-те години, кои се непресушен извор на инспирација – како за убавина, нега и мода, така и за иновативни фризури, кои на вашиот карактер ќе му дадат одредена силна црта.

  1. Ретро локни

2.„Beachy lob“

3. „Sleek bob“