Живот и Стил

Четири хороскопски знаци кои не поднесуваат есен и зима

Четири хороскопски знаци кои не поднесуваат есен и зима

Додека едни уживаат во студеното време, други едвај чекаат да дојде летото.

Четири знаци кои не поднесувааат есен и зима се: Овен, Близнаци, Рак и Лав.

Овен

Како прв огнен знак со кој започнува пролетта, Овните не поднесуваат студено време. Тие сакаат топло време, кога сè е расцутено, за да можат да одат кај што сакаат. Не сакаат да се облекуваат слоевито затоа што тоа ги прави нервозни.

Кога би можело април да трае цела година, тоа би било фантастично.

Близнаци

Близнаците сакаат забава и дружење, а тоа можат да го остварат кога времето е убаво. Тогаш можат да излезат со пријателите кога ќе им падне на ум. Сакаат море, езеро, базен, повеќе отколку снег.

Рак

Раковите, откако ќе залади, се грижат за своето здравје повеќе отколку другите. Тие се плашат од болести, настинка, грип. Кога времето е убаво, Раковите секогаш се излезени со пријателите.

Децата родени во лето не ги сакаат другите годишни времиња, а тоа особено важи за Раковите и Лавовите.

Лав

Секој Лав сака добра забава, журки, излегувања. На Лавовите им е тешко кога времето е студено затоа што не можат да заблескаат заедно со нивниот владетел, Сонцето.

Ако надвор нема Сонце, тогаш за нив денот е лош. Лавовите мора да научат да се носат со промената на времето, за да не им влијае на расположението. Секако, ако добро го искористат летото, ќе се стрпат до пролет.

Го мразат снегот и сè што е поврзано со него.

Извор: Кајгана