Живот и Стил

Брзо и вкусно: Тропска салата со пилешко

Брзо и вкусно: Тропска салата со пилешко

Потребни состојки:

  • 2 парчиња пилешки стек
  • 100 гр рукола
  • 1 ананас
  • Маслиново масло
  • 2 лажици соја сос
  • Сол и бибер
  • Лимон

Начин на подготовка:

  • Исечете го пилешкото месо на парчиња и испржете го во маслиново масло. При крајот на пржењето додајте соја сос.
  • Исчистете го ананасот и исечете го на коцки. По желба, пропржете ги и парчињата ананас во маслиново масло. Во руколата додајте маслиново масло, лимон, сол, бибер и ананас па промешајте. Одозгора додајте ги и испржените парчиња пилешки стек и послужете.