Живот и Стил

Брзо и едоставно: Кремасти тиквици од рерна со месо (видео)

Брзо и едоставно: Кремасти тиквици од рерна со месо (видео)

Овој интересен начин за подготовка на тиквици нема да ви одземе многу време, а вкусот сигурно ќе ви се допадне.

СОСТОЈКИ:
3-4 тиквици
350 гр свинско мелено месо
350 гр пилешко мелено месо
80 гр ориз
1 главица кромид
магдонос
2 чешниња лук
1/2 лажици мелена црвена пипер
сол
бибер
100-150 гр моцарела
300 гр павлака
1 лажица доматен сос
1/2 шолја вода

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Тиквиците исечкајте ги на кругови. Потоа во чинија измешајте месо, зготвен ориз, ситно сечкан кромид, магоднос, ситно сечкан лук и зачинете. На еден круг тиквици ставете смеса од месо и така редете по должина, ред тиквица, ред месо.

Наредете во тепсија. Потоа измешајте кисела павлака со доматен сос и вода и прелијте преку тиквиците. Преку изрендајте моцарела.

Печете на 180 степени околу 1,5 часа.

Добар апетит!

извор:готви.мк