Живот и Стил

Британците ги забрануваат влажните марамчиња, а имаат добра причина за тоа

Британците ги забрануваат влажните марамчиња, а имаат добра причина за тоа

Влажните марамчиња кои се користат за бришење раце или отстранување на шминката од лицето во наредните декади може да бидат „избришани“ бидејќи користат пластика која не е биоразградлива.

Производителите ќе мора или да создадат влажни марамчиња без пластика или потрошувачите ќе останат без нив.

Истовремено, тие се одговорни за 93 проценти од затнувањето на канализациите во Велика Британија, покажуваат податоците од британскиот водовод.

Тоа ги натера произведувачите и владата да се фокусираат на убедување на потрошувачите, влажните марамчиња да не ги фрлаат во тоалетните школки.