Живот и Стил

Брак, развод или унапредување: Овие хороскопски знаци есенва ги очекува голема животна промена

Брак, развод или унапредување: Овие хороскопски знаци есенва ги очекува голема животна промена

Есента е период на промени со потрајни последици. По летото кога одмараме и имаме по некоја авантура, следува богатата и плодна есен кога носиме одлуки што ќе имаат долгорочно влијание и важност во нашите животи.

Астролошки гледано, оваа есен пет хороскопски знаци ќе доживеат голема животна промена. На љубовен, деловен или семеен план, промените и одлуките што ќе им се случат на овие пет знаци ќе ги постават на нивниот долгорочен пат во животот.

ВАГА
Претставниците на знакот Вага есенва ги очекуваат драматични промени во приватниот живот. Некои конечно ќе се поместат од „мртва точка“ и ќе преминат во нова фаза од врската со партнерот, како заедничко живеење или понуда за брак.

БЛИЗНАЦИ
Оваа есен може радикално да го промени животниот правец на Близнаците. Многу претставници на овој знак кои имаат креативна наклонетост конечно ќе се „ослободат“ од „канцелариското ропство“ и ќе се посветат на покреативна и позабавна професија. Талентираните Близнаци тешко се вклопуваат во професии со распоред и рутина и сакаат да имаат креативност и слобода во она што го работат. Не пропуштајте ги приликите за ваква промена што ќе ви се пружат есенва.

ДЕВИЦА
За вредните Девици есенва конечно ќе дојде на ред тоа долгоочекувано и посакувано унапредување. Перфекционисти и самокритични, Девиците знаат да се повлечат пред самиот финиш, па не се плашете од одговорноста која ви следи со новата функција.

ОВЕН
Големи промени доаѓаат оваа есен во животите на Овните. Претставниците на овој огнен знак се навикнати да работат и да одлучуваат брзо, па тешко им е да седат мирни и да чекаат. Нивната импулсивност конечно ќе им донесе нешто добро и убаво. Многу Овни ќе добијат неочекувана понуда за интересен и сложен деловен проект, која ако преземат ризик и ја прифатат ќе им донесе не само зголемување на приходите, туку и шанса за унапредување или понуда за работа во подобра компанија.

ВОДОЛИЈА
Драматична промена ѝ претстои и на интуитивната Водолија, и тоа на приватен план. Водолиите ја ценат својата слобода и во нејзино име се подготвени да се одречат и од работи, и од луѓе. Есенва можно е да се соочи со ултиматум од саканата личност – или чекор напред во врската или раскинување.

извор: кајгана