Живот и Стил

Богат Италијанец побегнал од Миконос и зад себе оставил долг од 128 илјади евра

Богат Италијанец побегнал од Миконос и зад себе оставил долг од 128 илјади евра

Неверојатна приказна која ова лето се случила во Грција на островот Миконос. Овој Италијанец по летувањето во Грција на островот Миконос побегнал со приватен авион со своето семејство оставајќи долг од 128 илјади евра.

Италијанецот кој е сопственик на неколку компании во Лондон изнајмил вила на Миконос, а кога дошол моментот да се плати… Само исчезнал!

Резервациите за вилата ги направил некој Грк кој изјавил дека е бизнисмен, а на крајот се воспоставило дека тоа бил човек кој до неодамна работел во еден хотел во Волос.

Токму тој се обратил на менаџерот на хотелската единица во која работел, а директорот на хотелот навистина го препорачал кај една од најпознатите туристички агенции на островот.

Откако на посредникот му испратиле фотографии од вилата тој им кажал дека Италијанецот сака да резервира во луксузната вила во областа Каналиа со своето петочлено семејство. Од картичката веднаш му биле повлечени 50 илјади евра за резервација, а подоцна требало да ги исплати останатите пари односно 179.800 евра колку што вкупно чинело летувањето.

Куќата ја резервирале на 5-ти јули, а заминувањето од истата на 26-ти јули. Прво на островот пристигнале сопругата и неговите две деца, а потоа Италијанецот дошол по два дена. Започнал одморот во вилата и бил воодушевен од архитектурата, но и од ВИП услугата која му била обезбедена.

Меѓутоа како што деновите одминувале тој не бил расположен да го плати останатиот дел од сумата.

Веројатно затоа што почувствувал притисок од агенцијата, одлучил да ги смири луѓето велејќи им дека ќе им прати пари на сметка, една од швајцарска, другата од италијанска банка.

Претпоставувате, парите никогаш не стигнале до туристичката агенција.

И конечно, едно утро, поточно во петокот на 15-ти јули Италијанецот се качил на приватен авион заедно со останатите членови од семејството и одлетал за Истанбул, оставајќи ги луѓето од агенцијата бз пари.