Живот и Стил

Блеснете во жолто оваа есен

Блеснете во жолто оваа есен

Секоја сезона се поставува истото прашање на кое веќе е време да го добиеме одговорот: Која боја на облека ќе доминира во  оваа студена сезона?

Ова лето свежите бои беа вистински моден хит, но дефинитивно дека жолтата боја завладеа па ќе доминира и оваа есен. Исто така и многу познати личнности во своите плакари вклучија по некој жолт фустан кој би им послужил во било која пригода.

 

 

Жолт фустан, како и останатите парчиња гардероба во жолта боја се едно од задолжителните парчиња за оваа есен. Одберете каков било вид жолт фустан за да изгледате сензуално. Дури можете да ја збогатите и вашата колекција на обувки, со еден пар жолти чевли. Одберете сако, палто во жолта боја. Доколку се одлучите на жолт фустан, не ви се потребни многу додатоци, бидејќи самиот фустан е доволен. Истото се однесува и до шминката, која треба да биде минимална.

Се што ви е потребно е малку храброст за да заблескате во било која од нијансите на жолтата боја. Одберете ја вистинската жолта нијанса која одговата на вашиот тен и нема да згрешите.

Можете да бирате од сончева жолта, силна жолта, лимон жолта па дури и златна жолта. Не плашете се да го испробате овој стил, бидејќи доколку успеете да ја погодите вистинската нијанса, ќе заблескате.

Ниту една жолта нијанса во есен-зима колекциите не е досадна, па и оваа сезона нема да биде изоставена.