Живот и Стил

Без него се чувствуваме болно: 8 знаци дека ви недостига овој важен витамин

Без него се чувствуваме болно: 8 знаци дека ви недостига овој важен витамин

Витаминот Д е исклучително важен бидејќи има силни ефекти на неколку системи во телото.

За разлика од другите витамини, витаминот Д функционира како хормон, а секоја ќелија во вашето тело има рецептор за него.

Недостигот на овој витамин е многу чест, а се проценува дека околу милијарда луѓе ширум светот имаат ниско ниво на овој витамин во крвта.

Лицата со недостаток на витаминот Д често имаат светла кожа, изгледаат постаро, дебели се, не јадат многу риба и млечни производи, престојуваат во затворено.

Ова се некои од симптомите при недостаток на витамин Д.

  • Често сте болни
  • Уморни сте
  • Имате болки во коските и грбот
  • Депресија
  • Слабо зараснување на рана
  • Губење на косата
  • Болки во мускулите
  • Пропаѓање на коските