Живот и Стил

Авионот полетал кога мајка сфатила дека го оставила своето бебе на аеродром (видео)

Авионот полетал кога мајка сфатила дека го оставила своето бебе на аеродром (видео)

Саудиски патнички авион, на лет до Куала Лумпур во Малезија, морал да се врати на аеродром откако една мајка пријавила дека на терминалот го заборавила бебето.

Кога го сфатила тоа, жената панично го известила пилотот кој морал да бара дозвола од контролата на лет да се врати, пишува „Дејли мејл“.

Медиумот наведува дека жената го оставила детето на меѓународниот аеродром „Крал Абдул Азиз“.

Арапските медиуми објавија снимка од разговорот меѓу пилотот и контролата на лет, што предизвика лавина коментари и неверување.

Изминатата година, полицијата во Германија соопшти дека една двојка ја оставила ќерката на аеродромот во Штудгарт кога се враќале дома од одмор.

Службениците забележале петгодишно девојче како лута само околу аеродромот. Родителите се возеле во различни автомобили и секој мислел дека другиот го земал детето.