Живот и Стил

Алкохолот предизвикува ПМС?

Алкохолот предизвикува ПМС?

Проучувањето на податоците од 19 истражувања спроведени во осум земји покажале умерена врска меѓу симптомите на предменструалниот синдром како грчеви, чувствителност на градите, промена на расположение и депресија од една страна и пиење алкохол од друга.

Врската најмногу се изразува кај оние кои консумираат поголема количина алкохол, односно еден просечен пијалак дневно.

Податоците користени во ова истражување потекнуваат од студии спроведени во САД, Велика Британија, Полска, Швајцарија, Турција, Јужна Кореја, Тајван и Австралија. Симптомите на ПМС кои се разликуваат од жена до жена најчесто траат до неколку дена пред циклусот, а секоја дваесетта жена има толку тешки симптоми што и го пореметуваат секојдневниот живот и работата.

Истражување спореведено во САД покажало дека еконономските губитоци и здравствени трошоци по пациент кој се јавил поради ПМС и изостанувал од работа се врти некаде околу 5.000 долари годишно. Големиот број случаи сепак не се ни забележуваат бидејќи многу жени ги носат симптомите сами со себе.

Во Европа и САД тие бројки се многу поголеми, односно околу 60 отсто од жените пијат во Европа од кои 13 проценти се тешки зависници. Според податоците, секој десетти случај ПМС во светот може да биде поврзан со конзумирање алкохол, односно секој петти во Европа.