Живот и Стил

Ако се туширате во ова доба од денот, правите голема грешка – дерматолог открива кога е најдобриот момент за туширање

Ако се туширате во ова доба од денот, правите голема грешка – дерматолог открива кога е најдобриот момент за туширање

Секој има некоја своја рутина за туширање – некои не можат да го замислат излегувањето од дома наутро без да се „фрлат“ под туш, додека за други е незамисливо да си легнат без да се опуштат со топол туш.

Експертите откриваат која од овие навики е подобра и поздрава за нашето тело.

Утринското туширање е добра опција и за оние со масна и за оние со сува кожа – без разлика каков тип на кожа имате ќе ви прилега мало утринско освежување доколку се будите испотени.

Многумина токму затоа ја прескокнуваат вечерната рутина на туширање, но тоа не е баш паметно – на кожата во текот на денот се таложат нечистотии и маснотии, како и пот и остатоци од козметички производи за нега кои сте ги нанеле во текот на денот.

Дерматологот Лорета Сиралдо вели дека утринското туширање освежува и го буди организмот, особено ако водата е студена бидејќи бројни истражувања покажале дека студениот утрински туш ја поттикнува дневната продуктивност. Од друга страна, вечерното туширање ќе ве смири по напорниот ден. Купка или туш еден час пред спиење ја намалува температурата на телото и помага полесно да потонете во сон.

Што можеме да заклучиме од овие неколку тврдења? Всушност, одлуката е на вас – се е работа на вкус и навика, но и прашање колку се движите и се занимавате со активности во текот на денот.

Исто така, можете да се туширате и по будењето и пред спиење, во зависност од околината во која престојувате, типот на кожа и активностите со кои се занимавате во текот на денот.

Но, ако веќе треба да одберете страна, се чини дека вечерното туширање има повеќе предности. Со него ја отстранувате потта и бактериите кои се наталожиле на вашата кожа и кои можат да доведат до затнување на порите и оксидативен стрес. Доволно е само да се измиете со вода, а притоа да се фокусирате на местата на кои повеќе се потите.

извор:точка.ком.мк