Живот и Стил

7 знаци дека му недостасува нешто важно на вашето тело

7 знаци дека му недостасува нешто важно на вашето тело

Експертите велат дека преку исхраната, во огранизмот ги внесуваме сите потребни материи неопходни за нормално функционирање, но теоријата е едно, а и практиката е нешто сосем друго, со оглед на нашата често нездрава исхрана и начин на живот.

Меѓутоа, доколку се почувствува некој неопходен недостаток, нашиот организам сам ќе се огласи.

Oва се 7 јасни знаци дека на нашето тело му требаат повеќе здрави, хранливи материи:

1. Кревка коса и нокти

Можеби ви недостасува биотин, кој се наоѓа во житарките, јајцата, млечните производи и оревите, како и храна богата со протеини како лососот, пилешкото месо, а неговиот недостаток се манифестира преку сувите краеви на косата и кршливите нокти. Исто така, недостаток на биотин може да предизвика проблеми со кожата, иритации и првут.

2. Дигестивни проблеми

Ако страдате од запек или дијареја и гадење, а сигурни сте дека не е во прашање расипана храна, на вашето тело можеби му повеќе витамини Б3, што е многу важно за детоксикација и прочистување на организмот. Овој витамин го има во месото, рибата, јајцата, зелениот зеленчук, апетисани, па соодветно прилагодете ја својата исхрана.

3. Бременост

Во текот на бременоста се препорачува повеќе фолна киселина, бидејќи е неопходна за правилен развој на бебето. Ќе ја внесете ако јадете спанаќ, брокула или грашок.

4. Модринки

Ако на вашата кожа невообичаено лесно се создаваат модринки, веројатно ви недостасува витамин Ц, кој освен за добар имунитет е многу важен за еластичноста на вените. Витаминот Ц збогатете го со агруми, бобинки, јагоди и ананас.

5. Испукани очни капилари

Пукање на очните капилари е предизвикано од недостаток на витамини Б2, неопходни за вид, раст и производство на енергија. Најмногу го има во млечните производи, јајца, месо, риба, ореви и житарки.

6. Вкочанетост

Ова е знак дека ви недостасува калциум, што е неопходен за функционирање на мускулниот и нервниот систем, регулирање на крвниот притисок, како и за силни коски и квалитетни заби. Во огранизмот ќе го внесете преку млечни производи, апетисани, туна или зелен зеленчук.

7. Грчеви во мускулите на нозете

Ова е јасен показател за недостаток на магнезиум, кој има околу 300 различни функции во нашето тело, вклучувајќи и нормална функција на мускулите. Во изобилство го има во житарици, риба и мешунки.

Во согласност со знаците што вашето тело ви ги испраќа, прилагодете ја исхраната и оспособете го телото за секојдневно да извршува дневни активности без болка и напнатост, бидејќи самите можете да си помогнете на здрав и едноставен начин.

извор:попара.мк