Живот и Стил

6 фризури кои ќе ја одбележат 2019 година според врвна стилистка

6 фризури кои ќе ја одбележат 2019 година според врвна стилистка

Нова година, нова фризура. Сакате промени во изгледот? Стилистката за коса Линда де Зеув за InStyle ги прогнозира трендовите кои ќе ја одбележат 2019 година.

„Боб“ во линија на вилицата

Фризурата „боб“ е најсилен тренд меѓу фризурите веќе неколку сезони, а ќе продолжи да владее и следната година.

„Овој стил е најдобар за права коса, но ако имате брановидна или кадрава коса, исто така може да изгледа кул“ – вели Линда.

Шишки тип „завеси“

Фризурата со ретро шмек е огромен хит на Pinterest и е обожавана од Instagram блогерките

На степени

Кога прамените се со различна должина се создава илузија за поголем волумен, а дополнителна предност е богатата текстура на косата.

 

Фризури

Боб со шишки

„Шишките можете да ги наречете ‘гласот’ на фризурата“ – вели Линда.

Фризури

Подрасната пикси

„Оваа фризура е многу убава за многу различни форми на лицето, бидејќи може да се стилизира на многу начини“ – порачува таа.

Фризури

Долги прамени на минимални слоеви

Одлучете се за минимални степени со кои максимално ќе ја зачувате должината на косата.

„Ако создадете долги слоеви кај долга коса, креирате движење без да ја изгубите убавата должина, што е совршено за повеќето типови на коса“ – советува Линда

Фризури