Живот и Стил

5 природни начини да ја отстраните непријатната миризба од обувките

5 природни начини да ја отстраните непријатната миризба од обувките

Постојат неколку прилично едноставни методи за отстранување на непријатниот мирис од обувките. Дознајте како во продолжение…

1. Сода бикарбона
Сода бикарбоната апсорбира и влага и миризба. Токму затоа и навечер ставајте по една лажица сода бикарбона во секоја од обувките и оставете да делува преку ноќ. Наутро истресете ја сода бикарбоната и нема да има ни траг од непријатниот мирис.

2. Пудра за бебиња
Пудрата за бебиња е исто толку корисна како и сода бикарбоната. Таа има две примени – може да се стави малку пудра во секоја обувка и да се остави преку ноќ или пак, да се нанесе директно на стапалата и да се впие потењето.

3. Лаванда и жалфија
Ставете ги обувките на балконот, а во секоја од нив ставете по едно гранче лаванда или жалфија. Овие две билки ќе ги убијат сите бактерии кои се наоѓаат во обувките и непријатната миризба веднаш ќе исчезне.

4. Кора од портокал
Никогаш не фрлајте ги корите од портокалите, лимоните или мандарините. Можете да ги оставите преку ноќ во обувките и наутро нема да почувствувате миризба од обувките.

5. Етерично масло од чајно дрво
Ова етерично масло можете да го набавите во аптеките и најделотворно е против отстранувањето на непријатната миризба од обувките. Маслото може да ви послужи и како дезодоранс за обувки. Сè што треба да направите е да капнувате по неколку капки од маслото на дното два пати неделно.

извор:кафепауза.мк