Живот и Стил

Пет алкохолни пијалоци кои ја уништуваат вашата кожа

Пет алкохолни пијалоци кои ја уништуваат вашата кожа

Овие алкохолни пијалоци треба да се избегнуваат, бидејќи тие значително влијаат на кожата и нејзиниот изглед.

Дружењата денес (особено тие ноќните) стануваат незамисливи без алкохол. Но, повеќето, не размислуваат за последиците што ги има алкохолот додека стојат на шанкот во некој бар со пијалокот во рака.

Факт е дека секој алкохол има штетни ефекти врз нашето тело и на нашата кожа. Алкохолот ја отстранува водата од телото и ја суши кожата, па така се појавуваат брчките. Со самото тоа, кожата автоматски почнува да произведува повеќе себум за да се хидратизира, така да појавата на мозолчиња и митесери е неизбежна.

Ова се 5 најлоши алкохолни пијалоци за вашата кожа:

1. Пиво

Пивото ќе го набабри вашето лице заради концентрацијата на шеќер и сол кои се наоѓаат во него.

2. Бело вино

Предизвикува иритација и црвенило на кожата заради сулфатите присутни во виното.

3. Црвено вино

Тоа предизвикува црвенило на кожата, но исто така и појава на првут и лупење, како на темето така и на кожата на телото.

4. Текила

Од текила вашето лице лице ќе набабри.

5. Водка

Водката предизвикува брзо губење на водата во телото, а најчесто се меша со сокови кои содржат високо ниво на шеќер и создаваат привидна хидратација на телото.