Живот и Стил

3 намирници кои треба да се најдат на сечие мени

3 намирници кои треба да се најдат на сечие мени

Доколку сакате подолго да го сочувате младиот изглед и доброто здравје, тогаш збогатете го вашето мени со зеленчук и овошје во неограничени количини, а црвеното месо заменете го со рибни специјалитети.

3 намирници кои треба да ги внесувате во организмот:

1. Домат
Доматот е богат со антиоксиданти коишто многу успешно ги уништуваат слободните радикали и на тој начин го штитат организмот од канцерогените заболувања. Се сметаат за најдобра заштитна моќ, а особено сосот од домати поради присутвото на маслото коешто го зголемува неговото антиканцерогено дејство.

2. Скуша
Скушата исто така треба да се најде на листата на посакувани намирници поради тоа што маста од оваа морска риба делува многу лековито. Таа го штити срцето поради регулирањето на неговиот ритам и чистењето на неговите артерии. Одлична е и за заштита на мозокот и за целиот нервен систем. Богата е со масни киселини, витамини за клетките на нервниот систем, витамин А, како и витамини B2, B3, B5, B6 и B12. Скушата најдобро е да ја јадете двапати неделно.

3. Брокули
Брокулите се одличен извор на витамините C и Е коишто ја штитат и стимулираат природната одбрана на организмот, но исто така го успоруваат и стареењето на вашите клетки. Освен тоа брокулите се богати со супстанции коишто го чистат организмот од канцерогените елементи. Експертите препорачуваат неделен внес на брокула од 200 до 300 грама.

извор:точка.ком.мк