Живот и Стил

3 модели на чанти што се хит оваа пролет (фото)

3 модели на чанти што се хит оваа пролет (фото)

Без разлика дали сакате големи или мали чанти, факт е дека ниту една девојка не може без нив. Чантите се омилениот моден додаток на речиси сите, а следниве три модели се вистински хит оваа пролет.

1. Провидни чанти

Можеби сепак е малку чудно, но провидните чанти се навистина популарни оваа сезона. Најверојатно ќе бидат барани и во текот на летото. Моделите што се истакнуваат се структурираните чанти кои се „обвиени“ со провиден дел.
Меѓутоа, доста популарни се и целосно провидните чанти. Па доколку сте доволно храбри да им покажете на сите што се наоѓа во вашата чанта, слободно одберете го овој модел. Без сомнение ќе се истакнете.

2. Кружни рачки

Кружните рачки на чантите се ретро тренд кој се прероди оваа пролетна сезона. Морате да признаете дека изгледаат навистина интересно. Најчесто станува збор за едноставни модели кои сепак се впечатливи, а некои модели се погодни за буквално секоја прилика.
Друг популарен модел се и чантите со полукружни рачки. Најчесто ова се кружни чанти со помала големина, но доволно големи за најнеопходните работи.

3. Неонски бои

Дали сте подготвени да ја обоите оваа сезона? Во тој случај, одберете чанта со неонска боја. Овие чанти се навистина популарни, а лесно можете да ги вклопите во вашиот секојдневен изглед. Најдобро од сè е што нивната боја ќе ви помогне да ја освежите целата комбинација, особено ако носите облека со неутрални нијанси.

Уште една одлична работа за неонските бои е тоа што ќе ви помогнат да го дополните и лежерниот стил. Исто така овие чанти се добар избор доколку ви се допаѓа трендот на сложување контрастни бои.

извор:кафепауза.мк