Живот и Стил

3 митови за косата во кои треба да престанеме да веруваме

3 митови за косата во кои треба да престанеме да веруваме

Веруваме дека сте слушнале многу факти за косата, но време е да заборавите на некои од нив, бидејќи се сосема невистинити.

Мит 1: Косата треба да се чешла по 100 пати на ден, за да биде убава и здрава

Во текот на денот нормално е да ви паѓаат определен број на влакна од косата, но со претераното чешлање може да ги поттикнете и оние здрави влакна кои не треба да паднат, да го сторат тоа. Употребувајте ја четката за коса, само за да ја обликувате вашата фризура.

Мит 2: Косата расте побрзо, доколку ја шишате на секои 6 недели

Косата расте од коренот, така што нејзиното шишање нема директна поврзаност со со нејзиниот раст. Причината поради кои овој мит во форма на совет, е толку популарен, е тоа што редовното шишање ги отстранува изгорените и оштетени краеви, кои се најчест непријател на долгата коса.

Мит 3: Врзувањето на косата во коњско опавче придонесува за нејзино опаѓање


Овој мит е делумно вистинит, односно ниското коњско опавче и лежерната пунџа нема да ја оштетат косата, но доколку често ја врзувате презатегнато, тоа може влијае штетно врз фоликулите на влакната.

извор:нане.мк