Живот и Стил

12 трикови за да го спречите прејадувањето

12 трикови за да го спречите прејадувањето

 

Кога има вкусна храна пред нас што нè измамува со својот изглед и мирис многу е тешко да се запре со јадење и да не си викаме: “само уште еден залак”. Резултатот е прејадување за кое жалиме подоцна. Неконтролираното јадење има лоши ефекти не само за нашата линија, но и за нашата енергија како и за расположението. Иако никој не сака да има прекумерна тежина, многу од нас не можат да кажат “не” на вкусна храна.
Прејадувањето може да се спречи со следниве едноставни трикови:

1 Користете ги вашите дланки како водич. Количината на храната што сакате да ја изедете треба да се вклопи во вашите дланки (условно кажано). Ставете ги вашите дланки заедно како би сте направиле сад. Количеството на храна што се вклопува во вашите дланки е веројатно доволно за вашиот стомак.

2. Направете ги рачките на приборот за јадење валкани. Многу луѓе сакаат да јадат сè што се сервира, што доведува до прејадување. Со правење нечист прибор за јадење нема да бидете во можност да имате “уште само еден залак”.

3. Остатокот од јадењето покријте го со салфета. Кога ќе се почувствувате заситено, покријте го осттокот со салфета со што ќе ја намалите вашата желба за јадење затоа што нема да ја гледате храната. Подалеку од очите, подалеку и од устата.

4. Не јадете за да ги задоволите другите. Без разлика колку е вкусна тортата на вашата мајка, не јадете уште едно парче затоа што таа ве замолила. Кажете “можеби подоцна” но не дозволувајте нејзиното љубезно или тажно лице да ве убеди да јадете повеќе.

5. Фокусирајте се на вкусот од првите неколку залчиња од вашата омилена храна. Сакате чоколадо? Истражувачите докажаа дека две коцки чоколадо ви даваат исто задоволство како да изедете цел ред од него. Во вториот случај, се осеќате само прејадено и имате чувство на вина поради тоа. Запомнете, првите неколку залчиња се највкусни. На секој следен залак, рецепторите од јазикот стануваат се помалку сензитивни на хемиските супстанции од храната.
Заклучок? Можете да ја задоволите желбата за јадење на калорична храна со само 2-3 залчиња. На овој начин ќе спречите прејадување.

6. Јадете додека не сте 80% полни. Луѓето од островот Окинава ја практикуваат оваа техника, а 29% од нив живеат 100 години и повеќе.

7. Кога ќе завршите со јадењето, не ја оставајте чинијата пред вас. Тргнете ја настрана чинијата од која сте јаделе кога ќе завршите со оброкот, за да не продолжете со јадење. Доколку чинијата е пред вас, шансите да ставите уште храна во неа се многу поголеми.

8. Пратете му на вашето тело сигнал со кој ќе му кажете: “завршив со јадење”. Тоа можете да го направите на неколку начини:
– гума за џвакање или тврда бонбона со вкус на ментол. Ментолот го намалува апетитот а гумата за џвакање ќе ја држи вашата уста зафатена.
– неколку парчиња овошје или 2 коцки чоколадо. Благата храна мозокот ја детектира како десерт, па нема да се вратите на претходната храна.

9. Вашата чинија нека биде различна боја од храната која ќе ја јадете. Наместо да ставите паста во бела чинија, нека биде во црвена, црна или плава. Колку се поспротивни боите, толку храната која што ја сервираме ќе изгледа поголема во чинијата.

10. Потрудете се да не правите ништо друго додека јадете. Прејадувањето најчесто се случува додека јадете пред компјутер или телевизор. Јадете во кујната на маса која што е наменета само за јадење. На овој начин нема да имате никакви други активности.

11. Не јадете директно од пакувањето. Ако сте си купиле големо пакување чипс, не јадете од него. Послужете го во чинија во нормална количина.

12. Оставете ја вилушката во вашата чинија помеѓу секој залак. Земете залак и оставете ја вилушката. Правењето пауза помеѓу залаците ќе му даде доволно време на вашето тело да му испрати сигнал на мозокот дека е полно. Не заборавајте дека на вашиот мозок му требаат 15-20 минути за да прими сигнал