Вистаграм

Зимски трик кој го обожуваат модните трендсетерки: Оваа сезона заменете го топлиот шал со ова парче облека

Зимски трик кој го обожуваат модните трендсетерки: Оваа сезона заменете го топлиот шал со ова парче облека

Како секој, дури и наједноставниот изглед со лежерен призвук да го претворите во модна комбинација идеална за долгиот работен ден? Популарните модни трендсетерки го имаат одговорот!

Овој трик лесно ќе го присвоите, а всушност се работи за едно парче облека кое многу веројатно веќе се наоѓа во вашиот ормар. Станува збор за едно од најголемите модни класици од зимската гардероба – плетивото.

Покрај топлите капути и чизмите до глужд, плетивото без сомнеж е еден од ултимативните класици во модниот свет без кое ниту една зимска колекција не би била целосна.

Во неделите и месеците пред нас, плетивото ќе го носиме на безброј различни начини и во безброј различни прилики. Најчесто го носиме во секојдневните комбинации, но своето место ќе го пронајде и во вечерните зимски стајлинзи. Покрај сите оние веќе добро познати начини на кои ги носиме омилените пуловери, ролки и кардигани, оваа зима можеме да ги носиме на уште еден начин кои го обожуваат модните инфлуенсерки.

За дополнитела доза на топлина и шик изглед, тие во последните неколку сезони го носат омиленото плетиво и како топол шал, префрлен преку рамената.

Во слоевити комбинации, над блејзери, блузи или уште едно парче плетиво, со незаобиколниот додаток во облик на зимски капут или јакна, плетивото кое е ноншалантно префрлено преку рамената е совршен моден трик за зимските денови.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Alexis Foreman (@alexisforeman)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Alexis Foreman (@alexisforeman)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Brittany Bathgate (@brittanybathgate)

извор: точка.мк