Радио Милева
Во револуционерниот корсет

Згодна мама: Ријана за првпат во јавност по породувањето (фото)

Згодна мама: Ријана за првпат во јавност по породувањето (фото)

Ријана и нејзиното момче Асап Роки во неделата излегоа на вечера со многу специфични модни комбинации. Таа носеше сатенски темно син корсет, хеланки и високи потпетици, а Асап беше облечен во темно сини шорцеви и јакна.

Пејачката и раперот го оставија дома новородениот син и се упатија кон познат ресторан во Њујорк. Да потсетиме, двајцата го добија своето прво дете во мај по две години врска и долгогодишно пријателство.

Корсетот што го носеше беше познатиот „градник со куршуми“ кој предизвика револуција откако Мадона го прослави. Со тој корсет, таа ја промени перцепцијата за долната облека како парче што не мора да се носи само под облеката.


Тој тренд повторно се врати и денес во понуда се илјадници модели на корсети кои не се резервирани само за спалната соба, а исто толку провокативен е и овој шпиц, повеќе од 30 години.

фото:Јутјуб принтскрин/Профимедиа

Останати вести од Радио Милева