Љубов и Секс

Женско седло и виенска школка – две секс пози што мора да ги пробате

Женско седло и виенска школка – две секс пози што мора да ги пробате

Разгорете ја страста во спалната соба, разбудете ја желбата… Покажете му на партнерот дека сакате и двајцата да уживате.

Секојдневните обврски, грижата за децата или за болните родители се само некои од причините што ја убиваат желбата за секс кај жените.

Во едно истражување од 2008 година во кое учествуваа 30.000 жени, докажано е дека 15% од жените на возраст од 45 до 64 години и 11% жени на возраст до 44 години имаат проблеми со ниско либидо.

Хормонални промени за време на менструалниот циклус, хормонска контрацепција, земање антидепресиви, како и некои заболувања може да влијаат на намалено либидо.

Ако намалената желба за секс се должи на тоа дека ви е малку „здодевен“ сексуалниот живот, внесете нешто ново во кое двајцата ќе уживате.

Внесете малку нова енергија преку секс пози кои ќе ве доведат до максимално уживање.

Ова се три пози што сигурно не сте ги пробале, а би требало, што е можно поскоро.

Женско седло

Ова е варијанта на познатата „каубојка“, но признајте – никогаш не сте помислиле да ја изведете на овој начин. Жената не е свртена кон мажот, но не му е ни свртена со грб. При изведбата на „женско седло“, партнерката треба да седне странично врз мажот, така што нејзините нозе ќе ѝ бидат свртени на страна што таа ја гледа, а мажот ќе може да ја гледа во профил.

Виенска школка

Оваа поза бара жената да биде доста флексибилна и еластична, но упатените велат дека се исплати. Жената треба да лежи на грб, за да ги подигне нозете наназад колку што е можно повеќе. Во најдобар случај, нозете треба да ѝ бидат до или зад главата. На овој начин, мажот може да навлезе многу длабоко и на двајцата да уживаат во невидено задоволство.

извор: Кајгана