Љубов и Секс

Жени, не правете го тоа! Мислите дека така ги заведувате, но мажите ги ПРЕЗИРААТ овие гестови!

Жени, не правете го тоа! Мислите дека така ги заведувате, но мажите ги ПРЕЗИРААТ овие гестови!

Сепак, може да се каже дека постојат работи и начини на однесување кои навистина секому му одат на нерви.

Според Ана Беј, која на својот канал на Јутјуб се занимава со совети за заведување, особено богати мажи, движењата и изразите на лицето кои жените ги прават на состаноците можат и да го оддалечуваат мажот, без разлика на изгледот или доблестите на жената.

Имајте на ум дека и Ана Беј е мажена, а нејзиниот канал го следат повеќе од милион луѓе, па се чини дека жените навистина и веруваат.

Според Ана, голем број жени прават „сексуализирани гестови“, како од шега, така и од желба да заведат маж. Ова вклучува истакнување на облините и напрчување на усните.

– Се што е пренагласено изгледа глупаво. Дополнително создава чудна атмосфера, а на мажите не им се допаѓа – тврди Ана. Таа додава дека несвесните движења се сосема друга работа, сосема нормални и не треба да се мешаат со вежбана „кореографија“.

На листата на забранети работи, Ана додава и машки движења. Затоа, избегнувајте да одите со раширени раце или да пиете од флаша. Мажите ги привлекуваат жени кои се однесуваат како жени, а не како деца или мажи, како што вели таа.

Дополнително, Ана советува да не избегнувате да гледате директно во очи, бидејќи ќе се однесувате како нешто да криете.