Радио Милева
ги насмеа присутните

Жељко Самарџиќ ги следи трендовите, а не крие и дека вбризгал и ботокс на необично место

Жељко Самарџиќ ги следи трендовите, а не крие и дека вбризгал и ботокс на необично место

Жељко Самарџиќ откри дека многу се грижи за својот изглед.

Пејачот на секој начин се труди да ги следи трендовите, па своевремено целосно ги изненади своите обожаватели со модерен изглед со долги мустаќи, што предизвика вистинска бура кај неговите обожаватели.

Жељко Самарџиќ неодамна му се врати на добро познатиот изглед, а сега призна дека морал да ослабе.

Додека слабеел, Жељко Самарџиќ се фрлил на посебен режим со кој многу брзо успеал да ги изгуби килограмите, а на прашањето дали вбризгува ботокс искрено одговорил.

– Се ботоксирав во пределот на стомакот – изјави тој за „Курир.рс“, што предизвика општа смеа во емисијата, а водителката искоментира дека за неа мажот не е маж без „шлауф“.

Останати вести од Радио Милева