Радио Милева
Ослободена

„Затоа што јас така сакам“: Ирена Спасовска со голи гради го честиташе празникот на жената (фото)

„Затоа што јас така сакам“: Ирена Спасовска со голи гради го честиташе празникот на жената (фото)
фото:ирена спасовска/фејсбук

Корона пандемијата е присутна во нашето ново секојдневие веќе цела една година. Музиката во живо одамна е забрнета, а со тоа пејачите останаа без работа.

Токму во овој сушен период за естрадата, фолк пејачката Ирена Спавоска е се’ поприсутна на социјалните мрежи, а разголените фотографии од неа веќе не се изненадување.

фото:ирена спасовска/ фејсбук/Karolina Di Photography

Па така, слободна и раскомотена, нема проблем да направи провокација, да покаже сексапил и тоа дека и е убаво во сопствената кожа.

Новите профокативни фотографии редовно осамнуваат на нејзиниот профил, па преку нив како да си ги полни батериите и си прави она што и е убаво на душата.

Иако не и треба повод, овој пат го имаше – 8-ми март!

фото:ирена спасовска/ фејсбук/Karolina Di Photography

Пејачката позираше со голи гради кои делумно ги покри со цветови, симболично за празникот на жената.

-8-ми март на мој начин. Затоа што јас така сакам!- пишува Ирена.

Она што го посака го стори и покажа дека е ослободена и предадена само на сопствените ставови.

Останати вести од Радио Милева