Мегафон
за спомен и вечност...

„Засекогаш во срцето“ – два големи концерти посветени на Аки и Тоше во Битола

„Засекогаш во срцето“ – два големи концерти посветени на Аки и Тоше во Битола

Камерниот оркестар на Битола поради големиот интерес за концертот посветен на Аки и Тоше а насловен „Засекогаш во срцето“, наместо еден ќе одржи два концерти. Датумите се 18-ти и 19-ти февруари во големата сала на Центарот за култура.

Билети по цена од 350 денари ќе бидат пуштени во слободна продажба наскоро, за што ќе следува најава. Ќе нема можност за резервации, туку продажба само по принцип на прв дојден – прв  услужен на билетарата.


На листата на гости, се нај јдоа познати македонски пејачки имиња, зашто Тоше и Аки заслужуваат бескрајна почит, не за спомен….туку за вечност, како што велат организаторите.

Така во придружба на Камерниот орекестар ќе запеаат Каролина Гочева, Димитар Андоновски, Александар Тарабунов, Александра Јанева, Виктор Апостоловски, Бојан Стојков, Јана Бурчевска, Нико Ѓоргиевски и хорот при Државното музичко училиште – Битола.