Мегафон

Зарина Првасевда ќе одржи концерт во битолскиот Офицерски дом

Зарина Првасевда ќе одржи концерт во битолскиот Офицерски дом

Зарина Првасевда ќе го оддржи својот концерт насловен како „ЕХО” во Битола, на 17-ти декември во 20 часот во Офицерскиот Дом во Битола,

Истиот е склоп од 11 традиционални песни од Балканот, спакувани во нови аранжмани а отпеан на 5 јазика и тоа : Македонски, Албански, Турски, Српски и Бугарски.

Покрај песните од албумот ЕХО” кој таа неодамна го издаде за издавачката куќа Кроација Рекордс, ќе се изведат и некои нови песни кои ќе бидат дел од нејзиниот нов албум. Ансамблот го сочинуваат: Ратко Даутовски – Перскусии, Пенче Кралев – Бас, Филип Димишковски – Клавијатури, Благојче Трајковски – Кларинет, Филип Михајловски – Канон и Тони Арлан – Виолина.

Концертот ќе биде камерен, а бројот на публиката е ограничен на 150. Картите ќе бидат во продажба онлајн или во Книжарница Литература на Широк Сокак и Тобако Brothers на Широк Сокак.