Радио Милева
девојката од југот...

Запознајте ја Маика Маковски, шпанската музичка сензација со македонски корени и славјанска душа (ФОТО+ВИДЕО)

Запознајте ја Маика Маковски, шпанската музичка сензација со македонски корени и славјанска душа (ФОТО+ВИДЕО)

Шпанка по националност, Македонка во душата… Пејачка со македонски корени од чиј ангелски глас ќе ве полазат морници, чиј сугестивен и моќен вокал ќе ве наежи и разнежни во истовреме. Специфична по својата уникатна и оригинална музика, но и по единствената драматично разорна, а сепак толку нежна интерпретација, за оваа пејачка велат дека е новата музичка сензација.

Маика Маковски (Maika Makovski)  е родена и израсната во Палма Де Мајорка, Шпанија и е ќерка на нашиот интернационален мултиталентиран инструменталист Ванчо Мачковски, кој е родум од битолско Буково.

Маика започнала со создавање музика на 12 годишна возраст, на 15 години веќе настапувала, на 18 имала свој бенд, а на 21 година го издала својот прв албум.Со својот бенд има изградено успешна интернационална кариера, но на своите македонски корени се навратила пред неколку години. Водена од своите внатрешни пориви, во 2016 година се раѓа песната „Македонија“, како дел од нејзиниот седми албум, насловен „Chinook wind“.

„Песната што ќе ја изведам сега е последна на албумот. За мене многу специјална и една од најдрагите, бидејќи зборува за корените кои неодамна ги открив, на еден многу освестен и комплетен начин…“ – вели во својата најава шпанската Македонка, на која многумина допрва и предвидуваат светска слава.

Организаторите на домашните музички фестивали и манифестации (OFFest, Скопско лето, Таксират, Д фестивал, Локум фест… ) би било убаво да направат напор и оваа талентирана девојка, овој шпанско-македонски музички феномен да го донесат и во земјата на нејзиното потекло, дома во Македонија, за и нашата публика да може да ужива во музичката магија која Маика ја создава на нејзините концертни настапи.

Во меѓувреме, од еден таков концерт, погледнете го видеото и слушнете ја нејзината инспиративна тема, која нас најмногу не допира и засега…

„Makedonija“

“You made a nest
Where I could rest
You gave me a bed
To lay my head
You took my wrist
Opened my fist
You placed a bird inside
You said it’s fine
It’s not a crime
We swam in the lake
All summer long
We were not alone anymore
I feel I belong somewhere
Lele, Makedonija, lele
Lele, Makedonija, lele
The dance of the men
For the ones who are gone
For the ones who are left
For the ones who I love
For the ones who love me
From far away
No matter what
No matter when“

И токму кога ќе помислите дека песната ќе заврши на 5:10 минути, точно тогаш сфаќате дека само што започнала магијата. Уживајте во композицијата „Македонија“, овој пат во изведба на Маика Маковски и Quartet Brossa.

Извор: Везилка
Фото:  You Tube & Instagarm  скриншот/maikamakovski
Видео: You Tube/nmpnutv/Maika Makovski – Makedonija (Fiesta VIII aniversario Nomepierdoniuna)

Останати вести од Радио Милева